Непогрешливиот стил на Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд (фото)

Каја Гербер, 16 годишната керќа на легендарниот супермодел Синди Крафорд, од нејзината мајка не само што ја наследи убавината туку и непогрешливиот стил. Новата ИТ девојка сè повеќе ја гледаме на насловни страни на најпознатите списанија и како дебитант на модните писти.

nepogresliviot-stil-na-kaja-gerber-malata-naslednicka-na-sindi-kraford-001.jpg

Таа само што го прослави 16-тиот роденден на почетокот на септември, а фотографиите кои ги гледавме од прославата докажаа дека е само прашање на време кога овој модел ќе стане едно од најбараните имиња во модната индустрија.

Таа веќе се има фотографирано за неколку едиторијали за списанија, меѓу кои и Вог. Каја исто така е и заштитно лице на бјути линијата на Марк Џејкобс. Се очекува нејзиното лице се почесто да го гледаме и на модните писти за колекциите на дизајнерите за пролетната сезона 2018.

Каја брзо и славно почнува да ги следи стапките на нејзината мајка, за која вели дека првпат дознала дека е славна на нејзина 8 годишна возраст. Кога тие две биле во Дизниленд, таа сакала само да се слика со Дизни принцезите, а сите други сакале слика со нејзината мајка.

Таа има над 1,7 милиони следбеници на Инстаграм каде што секојдневно постира слики од нејзиниот напредок во модната индустрија. На нејзиниот Инстаграм профил исто така можете да ги видите и нејзините дружби со супермоделите како Џиџи Хадид, Бела Хадид, Кендал Џенер, што покажува дека нејзиниот пат кон успехот е веќе загарантиран.

Исто така Каја обожава да постира слика од нејзиното семејство и да ја изјавува љубовта према нејзните многубројни кучиња.

Колку повеќе расте, толку повеќе се забележува сличноста со нејзината мајка. Синди Крафорд ја поддржува својата ќерка и нејзиниот интерес кон моделството, меѓутоа вели дека е доста загрижена од денешните побарувања од моделите да бидат преслаби.

Интересот за Каја порасна уште повеќе откога Кендал Џенер направи фотографија од моделот и ја објави на нејзиниот профил. Всушност, Кендал ѝ помага на Каја да влезе во светот на славата и манекенството, затоа што и самата знае колку брзо светот ти се променува откога ќе станеш нереално популарен.

Нејзиниот брат Пресли Гербер исто така е модел, така што е сигурно да кажеме дека гените во ова семејство се непогрешни.

Она по што Каја веќе се издвојува од толпата на модели е тоа нејзиниот непогрешлив стил.

Еве ги нашите омилени стилски моменти на Каја Гербер за да ве запознаеме со наредната голема ѕвезда. И самите ќе видите дека нејзините модни избори се извонредни:

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава