Копија vs. оригинал: 9 работи на кои не смеете да штедите

Квалитетни очила за сонце, часовник, фармерки и чевли се парчиња на кои не смеете да штедите.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-01.jpg

Зборовите „распродажба“ и „попуст“ имаат дејство како магична напивка врз нас и веднаш нè тераат да одиме во продавниците и да потрошиме тон пари на работи кои немаат вредност.

Убаво е да се купува на попуст, но на некои работи навистина не смеете да штедите.

Постои голема разлика од квалитетниот производ до евтината копија:

Свила

Од сите природни материјали, свилата има најголема сила. Едновремено, таа е еластична, го пропушта воздухот, ја апсорбира влагата од кожата и останува сува. Затоа парчињата облека од свила се толку комфорни за користење.

За да разликувате природна свила од некоја евтина копија, само стиснете го материјалот неколку секунди во рацете и пуштете. Таа практично не се тутка, па наборите или ќе бидат едвај видливи или воопшто нема да ги има.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-10.jpg

Алпака волна

Алпака волната се смета за најскапата во светот. Облеката направена од овој материјал не се тутка и долго време ја задржува својата идеална форма. Џемперите од оваа волна чинат од 5.000 денари, па нагоре.

На квалитетните производи најчесто има закачено примерок од волната, па тоа ќе ви помогне да го разликувате оригиналот од копијата.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-09.jpg

Памук

Памукот е еко пријателски материјал, има хипоалергенски својства и удобност што ја обезбедува кога носите облека направена од него. Колку повеќе памук има во составот, толку поскап е производот.

Може да утврдите присуство на синтетички нечистотии по карактеристичниот сјај. Покрај тоа, памукот ја зема телесната температура, а вештачките материјали секогаш остануваат студени.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-08.jpg

Фармерки

Искушението да купите евтини фармерки ви носи ризик да купите фармерки кои ќе се растегнат по првото перење. Квалитетните фармерки, за разлика од копиите, ќе ве служат со години.

Пред купувањето свијте ги фармерките на рабовите. Ако се дури и малку асиметрични - имате копија. Исто така, обрнете внимание на квалитетот на рабовите и на рамнотежата на конците.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-07.jpg

Чевли

Изборот на чевли не влијае само на естетиката, туку и на здравјето. Скапите модели по правило имаат дизајн, кој не ве осудува на непријатно чувство додека ги носите. Тие не ве удираат од страните, туку речиси и не ги чувствувате на нозете.

За да го проверите квалитетот на чевлите, нежно свиткајте ги. Тие треба да бидат доволно нежни и флексибилни. Исто така, обрнете внимание на мазноста на рабовите и еднаквоста на бојата.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-06.jpg

Ремен

Износен лош ремен може да ја расипе целата слика. Продуктите направени од вештачка кожа се многу поевтини, но брзо стануваат безвредни. Ако ова парче облека ви е дел од секојдневниот изглед, купете си еден квалитетен модел, наместо да ја разделите истата сума на неколку неквалитетни.

Лесно е да разликувате вистинска кожа од вештачка кожа. Истурете неколку капки вода врз површината на ременот, ако влагата се апсорбира, тогаш тоа е вистинска кожа.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-05.jpg

Очила за сонце

Неквалитетните очила за сонце може да го оштетат вашиот вид бидејќи тие воопшто не ги штитат вашите очи од ултравиолетовите зраци.

Квалитетот на моделот што ќе го одберете може да се процени преку комплетниот сет. Треба да има кутија со врежано лого од компанијата, марамче и во внатрешноста на рамката мора да биде гравирано името на моделот.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-04.jpg

Часовник

Евтини, но луксузни часовници едноставно не постојат. Правилото е подобро еден квалитетен, отколку неколку копии.

Кога купувате запомнете дека сè е во деталите. Копиите ги оддава дури и најмала мана како гребаница, разлика во бојата на стрелките и бројките, некое искривување кај логото итн.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-03.jpg

Парфем

Ниската цена на парфемот посочува на низок квалитет на состојките во неговиот состав. Неговиот мирис може да исчезне за половина час, а уште полошо неквалитетниот парфем да ви предизвика иритација на кожата.

Добар начин да разликувате копија од оригинал е да го проверите серискиот број на парфемот. Треба да го има на дното на шишето и да се поклопува со бројот на пакувањето.

10-raboti-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-i-kako-da-prepoznaete-kopija-od-original-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg