5-те најскапи дизајнерски чанти во светот

Веќе сите знаеме дека за класичната „Биркин“ чанта на Hermès се чека со години и дека многу славни дами, па и момци, се на листа на чекање за својот примерок од популарниот дизајн.

5-te-najskapi-dizajnerski-chanti-vo-svetot-01.jpg

Иако сите би очекувале таа чанта да се најде на оваа листа, всушност, постојат нејзини верзии кои се далеку поскапи и повредни, но во исто време и доста ретки.

Да погледнеме кои се останатите:

1. Mouawad 1001 Nights Diamond Purse

Оваа чантичка е со облик на срце и е украсена со злато и дијаманти. Всушност, на нејзе има 105 жолти, 56 розови и 4.356 безбојни дијаманти.

Дизајнот е на престижната модна куќа Mouwad, швајцарски и арапски бренд. За да се изработи една чанта потребни се 8.800 часови работа и на нејзе работеле 10 уметници.

Во 2010 овој модел влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапоцена чанта на светот и со право, бидејќи чини 3,8 милиони американски долари.

5-te-najskapi-dizajnerski-chanti-vo-svetot-02.jpg

2. Hermès Kelly Rose Gold

Оваа чанта е дело на модната куќа Hermès и Пјер Арди, произведувач на накит. Дизајнот е имитација на крокодилска кожа, во целост изработен од познатото розе-злато.

На сите 12 примероци од оваа чанта се вградени по 1.160 дијаманти. Нејзината цена е 2 милиони американски долари.

5-te-najskapi-dizajnerski-chanti-vo-svetot-03.jpg

3. Hermès Birkin Bag на Гинза Танака

Дизајнот на оваа чанта е на јапонскиот дизајнер Гинза Танака, кој употребил синџирче од бело злато како рачка, кое може да биде извадено и да се користи и како ѓердан.

Токата на чантата пак, може да се користи и како брош. Само на надворешниот дел од чантата се вградени 2.000 импресивни дијаманти. Вредноста на чантата изнесува 1,4 милиони долари.

5-te-najskapi-dizajnerski-chanti-vo-svetot-04.jpg

4. Hermès Chaine d’Ancre

Чанта со уникатен дизајн кој потсетува на купче од синџири, со 1.160 дијаманти вградени во нејзе.

Од оваа чанта се изработени само три примероци, наменети за оние кои бараат нешто уникатно и несекојдневно. Чантата вреди 1,4 милиони долари.

5-te-najskapi-dizajnerski-chanti-vo-svetot-05.jpg

5. Lana Marks Cleopatra плик-чанта

Оваа модна куќа секоја година произведува серија од плик-чанти и секој модел е уникатен. Нивната вредност изнесува помеѓу 100.000 и 400.000 американски долари.

Се изработува од различни материјали и може да се порача и да биде персонализирана. Најскапата Lana Marks Cleopatra плик-чанта ја има кинеската актерка Ли Бингбинг, која е изработена од кожа на алигатор и е опточена со 1.600 проѕирни дијаманти.

5-te-najskapi-dizajnerski-chanti-vo-svetot-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
Си заминала од Србија во 90-тите, омажена е за британски бизнисмен – Која е Роксанда Илинчиќ, српска... „Кон крајот на 90-тите години немаше греење, па на факултет одев со шише топла в...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците) Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg