„Сите ние сме ангели“ – мaнекенки со облини им одржаа лекција на Victoria’s Secret (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Сите ние сме ангели“ – мaнекенки со облини им одржаа лекција на Victoria’s Secret (фото)

За моделите чии димензии на телото ја надминуваат големината 36, светски познатиот бренд сѐ уште нема пронајдено место во своето модно шоу.

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-1.png

Проблемот со години ги вознемирува мноштво плус-сајз манекенки, кои се борат за еднаквост и претставување на убавината на различностите. Една од нив е и мошне популарната Робин Лавли, која се одлучи да направи порадикален чекор, приредувајќи контрашоу на улица во Лондон.

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-2.jpg

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-3.jpg

Во соработка со брендот за долна облека Simply Be, што специјализирано креира за девојки кои носат конфекциски броеви над 36, таа организираше протестна ревија. Паролата е: „We are all angels“, односно во превод на македонски јазик: „Сите ние сме ангели“ .

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-4.jpg

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-5.jpg

Кампањата со истиот назив е започната пред месец дена, а нејзината цел е да придонесе кон тоа одговорните лица во Victoria's Secret да им ги отворат своите врати на жените од сите величини.

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-6.jpg

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-7.jpg

Воедно има и хуманитарна мисија, па за секоја објавена фотографија на Инстаграм под хаштагот #WeAreAllAngels, на една бездомничка ќе ѝ биде дониран градник.

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-8.jpg

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-9.jpg

Ревијата и кампањата ги поделија мислењата на социјалните мрежи. Додека едни корисници го поддржуваат движењето и се залагаат за инклузивност, многумина од другата страна сметаат дека плус-сајз манекенките не се добар пример за младите девојки, бидејќи ги промовираат дебелината и нездравиот начин на живот.

site-nie-sme-angeli-manekenki-so-oblini-im-odrzhaa-lekcija-na-victoria-s-secret-foto-10.jpg

На какво мислење сте вие по ова прашање? Недостасува ли модел со облини на модната писта на Victoria’s Secret?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна дама Одберете жена чиј стил ве инспирира. Најдовте некое навистина вредно парче? Купе...
Сако кое секоја жена треба да го има, а не е црно (фото) На самиот почеток на годината, модните блогерки веќе одлучија во какво сако секо...
Идеи како да ја носите омилената црна боја во лето (фото) Иако црната боја не важи за летна и многумина ја избегнуваат, сепак има и такви ...

Најчитани неделава