Време е за црвени нокти

vreme-e-za-crveni-nokti-povekjeОва е идеален период од годината за црвен кармин и лак за нокти. Без оглед на модните трендови, доколку правилно ги нанесете, изгледаат убаво.

 

Црвените нокти покажуваат дека сте самоуверена личност, дека не се плашите да преземете ризик и внимавате на себе.

vreme-e-za-crveni-nokti

1. Пред нанесување. Не постои само една црвена нијанса. За секој тон на кожата постои црвена боја која му прилега најдобро.

За да пронајдете која е идеална за вас, изберете неколку црвени тонови кои најмногу ви се допаѓаат, а пластичниот тестер нокт потпрете го на вашиот за да утврдите кој најмногу ви одговара.

Инаку, важи правилото, колку е вашата кожа посветла, одберете повеќе со примеси на сини тонови, а колку е кожата потемна, одберете со примеси на портокалова.

2. За време на нанесувањето. Нанесете најмалку два слоја. Внимавајте добро да се исуши првиот пред да го нанесете вториот. Не заборавајте на безбојниот краен заштитен слој.

3. Потоа. Лошата страна на впечатливите лакови за нокти е што оставаат траги откако ќе ги отстраните. Ако постојано чувате лакирани нокти со црвена боја, постои веројатност ноктите да ви пожолтат.

Можете да им помогнете со четкање со сода бикарбона (употребете стара четкичка за заби). Потоа хидратизирајте го ноктот, затоа што сода бикарбоната може да биде многу јака и да ја намали цврстината.

Би можело да ве интересира:

Модни лекции од Џеки Кенеди и клучни стилски парчиња – жената која не следеше трендови, туку ги созд... Покажи го малку вратот и клучната коска, со вкус. Кога се двоумите комбинирајте ...
Предлог комбинации со плетени панталони – новото омилено парче за есен и зима (фото) Меки и удобни, плетените панталони се идеални за лежерните комбинации кога темпе...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...
Вирално видео: ZARA има различни етикети кои откриваат каков е квалитетот – како да ги разликувате? Дали вие сте знаеле дека бојата на етикетите на облеката на ZARA откриваат каков...
Даниела Димитрова е наша модна докторка со дамски, префинет стил и страст за патувања (фото) Д-р Даниела Димитрова е позната по доброто чувство за естетика, а нејзиниот дамс...
Единствената боја која ќе биде насекаде во 2026 – ледено сина за софистициран моден впечаток Ледено сината боја е хит во 2026 и веќе многумина почнуваат да ја вметнуваат во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg