14-годишно девојче со месеци го правело совршениот матурски фустан за сестра си
Помалата сестра имала желба и направила постарата сестра да изгледа како принцеза. Ова дело е уште еден доказ за големината на сестринската љубов.
Микајла Левис (18) сакала да го бара совршениот матурски фустан по бутиците, кога нејзината помала сестра ѝ кажала дека нема потреба од тоа и дека таа самата сака да ѝ креира нешто уникатно.
Кортни Левис (14) која ја обожава уметноста и се занимава со тоа уште од мала имала желба сестра ѝ да изгледа посебно.
Микајла, иако на почетокот била загрижена, ја прифатила идејата и ѝ се допаднале скиците на Кортни. Оттука започнала авантурата и иако попатно Кортни имала некои здравствени проблеми успеала да го заврши фустанот на сестра си на време и притоа да направи да изгледа совршено.
Микајла откри дека во него се чувствувала како принцеза.
Процесот на изработка низ фотки:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





