Креации на Мет гала 2026 кои беа инспирирани од вистински уметнички дела (фото)
Кајли Џенер носеше фустан инспириран од познатата статуа „Милоска Венера“, додека Ен Хетавеј се појави во фустан украсен со мотиви од старогрчката уметност.

Темата на овогодишната Мет гала беше „Модата е уметност“.
Како што пишува на веб-сајтот на Vogue, има голем простор за интерпретација на темата, но, генерално, задачата на присутните беше да црпат инспирација од уметноста, односно да се појават во креации кои самите се како уметнички дела.
На настанот имаше навистина раскошни, но и креативни креации.
На пример, Хајди Клум се појави маскирана како мермерна статуа, а креациите на некои ѕвезди беа и референци на уметнички дела.
А, дури и скалите и „црвениот“ тепих наликуваа на уметничко дело од Клод Моне.
Дел од референците на годинашната Мет гала:
Рејчел Зеглер инспирирана од сликата „Егзекуцијата на лејди Џејн Греј“

Грејс Абрамс во Chanel фустан инспириран од сликата „Портрет на Адел Блох Бауер I“ од Густав Климт

Кендал Џенер во фустан инспириран од мермерната скулптура „Нике од Самотракија“ (позната и како „Крилата победа“)

Ен Хетавеј во фустан со дезен инспириран од уметноста на древните Грци
