11 работи кои тешко дека ќе ги видите на Французинките
Французинките се поим за шарм, елеганција, женственост, сензуалност... Секоја жена која сака да биде дама, но да не изгледа како да се опседнува со изгледот, сигурно има барем една Французинка за идол.

Па, како да бидете секогаш уредни и привлечни, без притоа да губите премногу време во средување? Тајната е во деталите.
Кои стилски грешки никогаш не би си ги дозволиле Французинките?
Никогаш не носат најлонски, проѕирни хулахопки. Ако веќе мора да облечат хулахопки, тие ќе бидат во боја или со дезен.

Не носат полнети градници.

Не се китат со премногу аксесоари.

Избегнуваат да ги потенцираат логоата на брендовите кои ги носат.

Знаат како облеката за на плажа да ја носат во секојдневието.

Преферираат природна, дневна шминка.

Не претеруваат со вежбањето и оцртувањето на мускулите.

Не носат екстремно високи платформи и штикли во кои тешко се движат.

Избегнуваат облека која им ја крие фигурата. Сакаат парчиња кои го нагласуваат струкот.

Младите девојки никогаш не носат палта од природно крзно.

Никогаш нема да видите Французинка со загрижен, тажен или изморен лик.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут
Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот.
С...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото)
Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос...
„Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници)
Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Хајди Клум како статуа, премногу разголени тела - Најлошо облечените ѕвезди на Мет гала 2026
На листата најлошо облечени на Мет гала 2026 се и сестрите Кардашијан-Џенер, но ...
Предлог комбинации со кафеава боја – безвременска класика што е идеална за зима (фото)
Тешко е да направите модна утка со кафеава боја бидејќи лесно се комбинира...