Совршено црвени усни

sovrseno-crveni-usni-povekjeНаучниците од Универзитетот од Манчестер користеле посебна програма за да покажат дека 10 секунди по запознавањето, 90% од мажите се загледуваат...

 

...во усните на девојката. Карминот датира уште од древниот Египет, кога се користела црвената боја за да се зголеми привлечноста.

Како да дојдете до совршени усни?

sovrseno-crveni-usni

1. Повлечете линија. Ако имате стабилна рака со моливче дефинирајте ги своите усни за да изгледаат полни. Користете моливче за нежно да ја нагласите линијата на усните над вашата природна линија. Потрудете се моливчето да е во боја на усните.

2. Употребете сјај. Привлечете го светлото на ваша страна. Обичните кармини го апсорбираат светлото и ги прават вашите усни помали отколку што навистина се. Нанесете малку сјај и светлото автоматски ќе даде впечаток на полни и поубави усни.

3. Што со црвеното? Ако не ви прилега силно црвена боја на кармин, пробајте природна црвена која е поедноставна за носење. Секој може да носи црвен кармин, но треба да ја пронајдете нијансата која одговара на вашиот тен и боја на коса. Ако се одлучите да носите црвен кармин не грижете се за забите. Секогаш изгледаат побели.

4. Послужете се со оптичка илузија. Користете посветло моливче за да го нагласите Купидовиот лак н горната усна. На овој начин давате илузија дека вашите усни се пополни. Друг класичен трик е откако ќе го нанесете карминот да додадете капка сјај во средината на долната усна.

На видеото има и кратка презентација за совршено црвени усни.

Би можело да ве интересира:

Обетките кои се хит во лето 2025 – ги обожаваат и познатите Македонки (фото) Златните обетки во форма на морска ѕвезда ги гледаме буквално насекаде – ги обож...
Сатенско здолниште од ZARA во 7 бои е пролетен хит – како да го носите? (фото) Ова ZARA здолниште се продава за 1.490 денари, доаѓа во 6 бои и ќе биде пролетен...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Модни формули за најпопуларните пролетни комбинации на Pinterest (со облека што веќе ја имате) Бели фармерки со тексас кошула или сив џемпер, во комбинација со црни мокасини и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg