3 најпопуларни бои на балетанки за лето 2019

Во текот на летото имаме навистина поголем избор кога станува збор за обувки, а најомилениот модел на сите им се балетанките. Овие удобни и лесни обувки можете да ги комбинирате со буквално сè, а доаѓаат во сите бои и со секакви дезени.

najpopularnite-modeli-na-baletanki-za-ova-leto-01.jpg

Доколку не можете да се одлучите какви балетанки да си купите ова лето, погледнете ги 3-те модели и бои што сезонава се апсолутен хит:

Впечатлива боја

Доколку го сакате монохроматскиот стил, тогаш за вас совршени се балетанките со силни и впечатливи бои.

Пред сè, овие модели ќе ја разбијат монотонијата на вашиот изглед, ќе внесат свежина во целокупниот стајлинг и вашата комбинација нема да остане незабележана.

Црвени, портокалови, жолти, сини... на изборот како да му нема крај, а сите нијанси одлично стојат со неутралните бои.

najpopularnite-modeli-na-baletanki-za-ova-leto-02.jpg

najpopularnite-modeli-na-baletanki-za-ova-leto-03.jpg

Летна неутралност

Доколку ова лето сакате да изгледате навистина модерно, одберете балетанки со неутрална нијанса. Најдобри се кафеавите, како и оние со боја на песок, кожа и пудра розова.

Овие бои се најлесни за комбинирање, а истовремено ќе ги издолжат вашите нозе.

Овие бои можете да ги вметнете во речиси секоја комбинација, а ќе ви помогнат да изгледате впечатливо и романтично.

najpopularnite-modeli-na-baletanki-za-ova-leto-04.jpg

najpopularnite-modeli-na-baletanki-za-ova-leto-05.jpg

Бело лето

Белата е една од најпосакуваните бои во летниот период, па не е ни чудно што балетанките со оваа боја се навистина популарни.

Белата е неутрална нијанса што ќе ви помогне да го освежите вашиот изглед, а можете да ја носите со буквално секоја боја, без разлика дали е неутрална или посилна.

Се разбира, доколку не сакате чисто бели балетанки, секогаш можете да најдете нешто со потемна нијанса, како на пример со боја на шампањ.

najpopularnite-modeli-na-baletanki-za-ova-leto-06.jpg

najpopularnite-modeli-na-baletanki-za-ova-leto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...

Најчитани неделава