Кој прв ја носел црвената боја и зошто никогаш нема да излезе од мода?

Тешко е да се одреди кога станала актуелна оваа боја во модата, бидејќи била актуелна со години – ја носеле кралеви, сиромашни луѓе, воини и проститутки.

Crvenata boja nikogas nema da izleze od moda 01

Црвената боја нè асоцира на љубов, женственост, страст - ентузијастична е и моќна. Со неа ги поврзуваме забранетите работи, а некои луѓе ја поврзуваат и со ѓаволот.

Ние секако ќе се согласиме дека црвената е неизбежна боја и дека е сеприсутен фактор, не само во модата и стилот, туку и во светот околу нас.

Кој прв почнал да носи црвено?

Се верува дека мексиканските Астеци му ја претставиле оваа боја на светот. Ја добивале од кохинели, инсекти кои се населуваат во суптропските предели. Бојата ја добивале со цедење и сушење на трупови на овој инсект.

По пристигнувањето на Шпанците во Мексико, кон почетокот на 16 век, кохинелата станала главен глобален извоз во Европа. Шпанците ги собирале бубачките од растенијата и потоа ги сушиле, а истите биле испраќани во Европа.

На почетокот, само богатите луѓе можеле да си ја дозволат црвената боја. Но кога биле создадени синтетички бои, црвената боја стана лесно достапна за сите.

Во некои култури, црвената боја била резервирана исклучиво за моќните луѓе, додека на обичните граѓани не им било дозволено да ја носат.

Crvenata boja nikogas nema da izleze od moda 02

Црвената и златната боја биле популарните комбинации на бои за време на Викторијанската ера.

Низ средниот век, црвената боја целосно доминирала. Познатиот цар, Карло Велики, ја офарбал својата палата во црвена боја, носел црвени чевли, па дури и кажувал дека има црвена коса.

Во средниот век, сината боја била женска боја, додека црвената била машка и означувала моќ и војна.

Crvenata boja nikogas nema da izleze od moda 03

Но работите наскоро се вртат - синото станува машка боја (бидејќи е дискретна), а црвената се поврзува со жените. Трагите од ова можат да се видат и денес – сината боја се користи за момчиња, а роза за девојчиња.

Големиот екран и елеганција

Модата и филмот секогаш биле сродни. На големиот екран, во модата и во животот, црвениот фустан отсекогаш бил синоним за елеганција и провокација, а го носеле некои од најпознатите актерки, кои станале икони на сензуалноста.

Почнувајќи од 40-тите години, веднаш по Втората светска војна, не можеме да ја заборавиме шармантната Вивиен Ли во улога на Скарлет О’Хара, главната хероина на филмот „Gone with the Wind“, облечена во дол црвен фустан украсен со пердуви.

Crvenata boja nikogas nema da izleze od moda 05

Не треба да ја заборавиме ниту Никол Кидман во „Moulin Rouge“, како ни Мерилин Монро и Џејн Расел. Еден од најпознатите фустани во филмови е секако и црвениот фустан на Кејт Винслет во „Титаник“.

Дали венчаницата секогаш била бела?

Во Кина, венчаниците обично биле црвени, бидејќи црвената боја симболизирала среќа и радост.

Црвениот тепих можеби денес го поврзуваме со Оскарите, но многу порано кинезите, исто така, оделе по црвениот тепих на своите венчавки.

Традицијата на црвената венчаница била прекината од страна на шкотската кралица Мери, која за својата свадба избрала бела венчаница. Поради ова била осудувана, а кога нејзиниот сопруг починал, само неколку години подоцна, ја обвиниле дека го проколнала, бидејќи носела бел фустан (бела боја се носела за жалење).

Модни дизајнери и црвена боја

Кога зборуваме за црвени фустани, една од првите асоцијации ни е Валентино. Познатиот дизајнер создаде нова нијанса на црвена боја, позната како Валентино нијанса или „Valentino rosso“.

Crvenata boja nikogas nema da izleze od moda 04

Инспирацијата за оваа нијанса младиот дизајнер ја пронашол во костимите за опера, како и на балконите на Операта во Барселона, кои потсеќале на црвени букети.

Покрај Валентино, и Диор создаде свои специфични нијанси, како Rouge Dior кармин.

Како што веќе кажавме, црвената боја никогаш не излегла од модата, а се чини дека никогаш ни нема.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Како да ги комбинирате фустаните со животински принт за да не бидете нападни? Ако сакате сите очи да бидат вперени во вас, никогаш нема да погрешите со животи...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg