Како да изгледате 10 килограми послабо - Совети од модните експерти
Исончан тен
Летото заврши, но тоа не значи дека треба да се збогувате со бронзениот тен.
Денес постојат безброј методи за самопотемнување, а темната кожа секогаш изгледа подобро. Доколку, пак, носите фустан што ги истакнува нозете, лажниот тен ќе направи да изгледате уште подобро.

Подолг блејзер
Острите и рамни линии на блејзерот најдобро ќе го скријат вишокот килограми.
Секогаш одбирајте блејзер или сако со должина под колковите.

Важен е и материјалот
Памукот, свилата и волната најдобро го кријат вишокот килограми.

Носете само една боја
Монохроматскиот стил на облекување ќе направи да изгледате многу послабо.

Внимателно одберете ја бојата на чевлите
Ако носите фустан, најдобро е да носите обувки со беж боја. Ако, пак, носите црни фармерки, тогаш и чевлите нека бидат со таа боја.
На овој начин ќе создадете илузија на подолга силуета.

Тргнете ја косата од лицето
Косата собрана во високо опавче, исто како и залижаната коса, ќе направи вашето лице да изгледа послабо.

Спирова С. | Црнобело