Женските маки со фармерките, низ 10 илустрации
Сите имаме повеќе од еден пар фармерки во гардероберот, но сепак едни ни се најомилени и не би ги менувале за ништо на светот.

Иако многу жени ќе се согласат дека здолништата се комплицирани за носење, сепак и пронаоѓањето на идеални фармерки е подеднакво мачно.
А, исто така и секојдневието со нив знае да биде комплицирано:
Никако не смеете да седнете со раширени нозе, доколку носите тесни фармерки.

Чудниот вишок простор околу струкот се јавува секој пат, иако фармерките ви се идеално точни.

Ако немаат еластин во нив, одите како пингвин.

Нискиот струк на тесните фармерки може да биде вистински проблем за „мишелинките“.

Дупките на искинатите фармерки секојпат стануваат пошироки, со оглед на тоа што секогаш ногата ја пикате во една од нив, наместо во ногавицата.

Кога си мал човек не постојат фармерки кои се таман во должина.

Моментот кога ги кажувате сите молитви кои ги знаете – кога треба да ги закопчате фармерките.

Кога упорноста ќе премине во кинење на една од гајките.

Не постојат два пара со иста величина кои ви стојат идентично.

И без оглед на тоа колку пара, нијанси и модели купувате – речиси секој ден ги носите истите фармерки.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето)
Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та
Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години
Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото)
Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото)
Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги.
...
Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки
Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците ...