Како да се облечете како милионерка, дури и кога не сте?

Со проѕирна гардероба и со животински принт најлесно може да погрешите.

kako-da-se-oblecete-kako-milionerka-duri-i-koga-ne-ste-01.jpg

Многу жени грешат кога сакаат да постигнат поскап изглед, а го добиваат спротивниот ефект.

Ова се неколку основни совети со кои и најевтината гардероба може да изгледа скапо и префинето:

- Со животински принт најлесно може да погрешите. Затоа, избегнувајте облека која е целосно покриена со животинска шара. Овој принт е добар само за детали и аксесоари.

- Кога носите црно од глава до пети, внимавајте облеката да не биде избледена.

- Фустаните со длабоко деколте може да делуваат прилично невкусно.

kako-da-se-oblecete-kako-milionerka-duri-i-koga-ne-ste-03.jpg

- Штиклите се добар избор, но само без платформа. Класичните салонки се резервирани за дами.

- Не претерувајте со чипката, цирконите и светките.

- Заборавете на маиците со огромни натписи на познати брендови кои не се оригинал.

- Избегнувајте неонски бои. Неутралните нијанси секогаш делуваат скапо.

kako-da-se-oblecete-kako-milionerka-duri-i-koga-ne-ste-02.jpg

- И со проѕирната облека може да погрешите. Не носете блузи под кои се ѕирка градникот.

- Бирајте чанти со дефиниран облик, наместо вреќасти модели.

- Со сандалите никогаш не носете хулахопки.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава