Какви очила за сонце одговараат на вашиот облик на лице?

Постојат три основни правила по кои треба да се водите при изборот на очила за сонце.

kakvi-ocila-za-sonce-odgovaraat-na-vasiot-oblik-na-lice-01.jpg

Тие треба да ги истакнат најубавите карактеристики на вашето лице, обликот на рамките треба да биде во контраст со обликот на вашето лице (пр. За округло лице најдобри се коцкести очила) и големината на рамките да биде пропорционална со величината на вашето лице.

Линијата на рамките треба скоро да ја следи линијата на веѓите.

Какви очила да одберете согласно формата на вашето лице?

Срцевиден облик на лицето

Oдберете облик кој ќе го влече вниманието на долниот дел од лицето. Можете да се решите за гломазни очила, но бирајте едноставна рамка.

Најдобро би ви стоеле очила со форма на мачкини очи или пеперутка. Одлично би ви прилегале и авијатичарските модели, ако се одлучите за нежна боја на стаклата.

kakvi-ocila-za-sonce-odgovaraat-na-vasiot-oblik-na-lice01.jpgMango

Коцкесто лице

Одберете очила со заоблени рамки. Нека бидат тоа модели кои стојат повисоко на лицето за визуелно да го издолжите ликот.

kakvi-ocila-za-sonce-odgovaraat-na-vasiot-oblik-na-lice02.jpgGuess / Parfois / Mango

Долгнавесто лице

Одберете големи очила кои ја покриваат средината на лицето за да добиете позаоблен изглед. Слободно играјте со смели рамки со декорации.

kakvi-ocila-za-sonce-odgovaraat-na-vasiot-oblik-na-lice03.jpgMango / Mango / Guess

Тркалезно лице

Одберете очила со прави рамки во форма на квадрат или правоаголник кои ќе го издолжат вашето лице.

kakvi-ocila-za-sonce-odgovaraat-na-vasiot-oblik-na-lice04.jpgMango / Parfois / Parfois

Сите прикажани модели можете да ги купите ТУКА

Од денес, па се до 25.05.2020 уживајте во пролетната распродажба во онлајн продавницата на Fashion Group - намалување до 30%. 

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
Ирена Спировска во елегантна тоалета, Благица Павловска во светкав фустан - Што носеа учесниците на ... Водителката Ирена Спировска носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Мари...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...
Dolce&Gabbana направи чанта во форма на сувенир од Фонтаната Треви – би ја носеле ли? Совршено и прецизно изработена, со релјеф, текстури и форми кои беспрекорно ја д...

Најчитани неделава