Како фустанот со јаготки стана вирален и најпосакувано парче на TikTok со илјадници нарачки?

Фустанот со јаготки без сомнеж е најпопуларното летно парче на TikTok. Направен од тенок лелеав материјал, овој макси фустан ја „запали“ најпопуларната социјална мрежа во моментов.

kako-fustanot-so-jagotki-stana-viralen-i-najpopularno-parce-na-tiktok-i-ima-iljadnici-naracki-01.jpg

Што знаеме за фустанот:

Дизајнот е на Лирика Матоши, дизајнерка со потекло од Косово.

Плус сајз моделот Тес Холидеј го носеше на Греми наградите во јануари годинава.

Таа на својот Инстаграм профил напиша: „На Греми наградите бев критикувана како најлошо облечена, ама сега, затоа што еден куп слаби девојки го облекоа на TikTok, одеднаш на сите им се допаѓа. Да сумирам, општеството мрази дебели луѓе, особено кога победуваме.“

Побарувачката за фустанот пораснала за 738% во првите 10 дена на август.

@mailleur_maker

THE STRAWBERRY DRESS HAS ARRIVED!!! BE READY FOR CONTENT ANF THANK YOU ALL SO SO MUCH ???????????

♬ original sound - mailleur_maker

Матоши вели дека работи 24/7 за да постигне со нарачките.

@mxmtoon

five months since the last Harry styles fit

♬ Watermelon Sugar - Harry Styles

На TikTok хаштагот #strawberrydress има повеќе од 7.6 милиони прегледи. Цената на фустанот е 490 долари и го има во сите величини од XS до XXXL.  

Опседнатоста на девојките со фустанот, го направи и меме, па разни карактери веќе се насликани со фустанот со јаготки:

?s=20

?s=20

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...
19 години подоцна: Светска пејачка во фустанот што Катарина Ивановска го носеше на ревија во 2006-та Во 2006-та Катарина продефилира во фустанот на Roberto Cavalli на ревија, потоа ...
Зимски комбинации со тексас фустан – парче што се носи во секоја сезона (фото) Се комбинираат со животински принтови и аксесоари од кожа, а изгледаат мошне доб...
Осум тренди комбинации со бела кошула – најпопуларното парче за оваа пролет Со бермуди, со фармерки или со мини здолниште – има безброј опции кога е во праш...

Најчитани неделава