Румор со нова стратегија за новата сезона - лимитирани парчиња од колекциите и нови артикли на секои две недели
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
"Сто... 20-01-2021


Румор со нова стратегија за новата сезона - лимитирани парчиња од колекциите и нови артикли на секои две недели

Румор е мулти бренд продавница насочена кон употреба на природни материјали. Одржливоста е дел од речникот на продавницата од самиот почеток, како и потрагата по најквалитетни ткаенини и занаетчиска работа.

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-001.jpg
фото: Далибор Толевски (Чикаго)

Во нашата продавница може да се најде селекција на унисекс брендови од Њујорк, Токио, Париз во комбинација со се поголемиот избор на домашната истоимена колекција, Румор (100% гордо направена во Македонија).

Исто така од оваа сезона продавницата стана дом за колекции од разна изработка на haute couture накит. 

Кога заситеноста на пазарот од fast fashion е преголема, ние се трудиме на нашите клиенти да им понудиме разноликост и уникатност. Сериите на производство најмногу одат до 6 парчиња, а секоја втора недела имаме нова селекција на производи.

Инспирацијата за новата колекција на Румор е базирана на фотографскиот опус на нашиот креативен директор Алек Бимбилоски. 

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-002.jpg

Пред да го донесе своето мулти - медиа искуство во Македонија, Бимбилоски беше активен во полето на фотографијата во Њујорк и Париз во 90-те години.

Баш тој период на минимализам каде низ сито се исфрлаа сите одвишни елементи во модата е јадро на идеите зад Румор есен 2020.

Соочени со светската пандемија, ние се запрашуваме константно што е важно, а што е одвишно во она што го работиме.

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-03.jpg Објавено во „Чикаго Магазин“

Инаку за Бимбилоски sustainable fashion, fair trade и еднаквост на родовите без дискриминации базирани на верска или сексуална определеност се дел од неговата артистичка експресија од баш тој период во 90те, кога тој соработуваше со списанија кака Флаунт Њујорк, Сурфејс УСА, Италиан Вог, Жалуз Париз, Л'Офисела Париз итн.

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-03_1.jpgОбјавено во „Жалуз Париз“

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-09.jpgОбјавено во „Флаунт Њујорк“

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-11.jpgОбјавено во „Сурфејс УСА“

Во моментов истите идеи, но еволвирани, значајно се поклопуваат како водечки фактор во нашата колекција, и култура на бутикот.

Бимбилоски во овие последни 20-тина години, заедно со својот тим и армија жени "нагалено девојки како што ги вика" го издигна поимот "made in Macedonia" на еднакво ниво како и "made in Italy" за категорија на рачно сработени колекции, и соработува веќе долгорочно со гиганти како Баленсиjага, Лоеве, Маргиела, Пако Рабан и Соња Ракел кои што нудат "made in Macedonia" продукти во своите колекции. 

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-05.jpg„Пако Рабан“

rumor-kolekcija-esen-2020-unikaten-makedonski-brend-za-obleka-so-svetski-kvalitet-i-dizajn-07.jpg„РИСТО“

Ова искуство помага да креираме колекција која е од највисок квалитет, достапна по цена за нашиот пазар и уникатно и интелигентно секси..."Copy of a copy is so dead darling".

Би можело да ве интересира:

Познати тинејџери кои имаат одличен моден стил Кога ќе помислите на поимот „модна икона“ секако дека на памет ви паѓаат имињата...
20 Инстаграм докази дека Северина е на одличен пат да стане модна икона Северина наполни 47 години, а покрај тоа што активно ја гради својата музичка ка...
Доказ дека стилот не познава граници: Модни икони на 50, 70 и 90 години (фото) Во денешно време сите се опседнати со модните блогерки и блогери на социјалните ...

Најчитани неделава