Не носете џемпери „со дупчиња“ - Тајни на добриот изглед кои нема да ве чинат скапо
Важно е да знаете дека добриот изглед не секогаш е поврзан со брендирана облека, туку со правилно одбрани детали.

Ова се 9 тајни кои добро средените жени ги знаат и практикуваат, а треба да почнете и вие:
Променете ги металните, стари копчиња со копчиња малку потемни од бојата на ткаенината.

Внимавајте кога купувате комплексни ткаенини во повеќе нијанси. Преферирајте монохроматски, еднобојни парчиња.

Облеката со ретка плетка и ткаенина „со дупчиња“ секогаш изгледа поевтино, за разлика од дебелите ткаенини и плетки.

Никогаш и по никоја цена не носете лажно брендирани парчиња.

Внимавајте долната облека да не се оцртува под облеката.

Препознајте ги непрактичните трендови. Не значи дека ако нешто е во мода – мора да го ставите на себе.

Одбирајте контрастни модни додатоци.

Градете ги комбинациите од базични парчиња облека.

Избегнете го правилото дека ременот, чевлите и чантата мора да се од ист материјал и во иста нијанса. Наместо тоа, внимавајте да не носите повеќе од 3 различни материјали на вас и метални додатоци во повеќе од една боја.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут
Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот.
С...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн
За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода)
Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето?
Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години
Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос...
„Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...