Носете тесни фармерки и уште 8 модни трикови со кои ќе изгледате помладо
Знаеме дека облеката може да направи да изгледаме помладо, но некогаш е тешко да ги одберете вистинските парчиња.

Иако некои парчиња и додатоци можеби изгледаат одлично, кога ќе ги облечете - ќе изгледате постари отколку што сте.
Ако ви треба помош да одредите која облека ќе ве подмлади, тогаш сигурно ќе ви се допаднат овие совети:
Избегнувајте големи и впечатливи принтови
Принтовите се одличен начин да ја освежите модната комбинација, но морате да бидете внимателни. Големите и впечатливи принтови можат да направат да изгледате постаро, па најдобро е да одберете еден детаљ со принт, како чанта или чевли.

Носете умерено тесни фармерки наместо многу широки
Некогаш е навистина тешко да ги комбинирате широките фармерки, а ова парче облека може да направи да изгледате постаро. Тесните фармерки од друга страна, ќе ја истакнат вашата фигура, ќе направат да изгледате помладо и можете да ги комбинирате со речиси секакви маици, џемпери и слично.

Внимателно избирајте ја широката облека
Широката облека е секогаш поудобна, но и во овој случај треба да бидете внимателни. На пример, ќе изгледате многу подобро и многу помладо ако комбинирате широки панталони или здолниште со кратко сако, отколку со долго палто или наметка.

Нагласете ја половината
Дури и ако имате стомаче, ќе изгледате многу подобро ако ја нагласите половината, отколку да ја криете. Носете панталони и здолништа со повисок струк и дополнете ја комбинацијата со колан.

Обрнете внимание на очилата
И очилата за сонце можат да ви помогнат да изгледате помладо. Поголемите очила се секогаш подобар избор, а ѝ стојат одлично на секоја девојка или жена.

Одбирајте едноставен накит
Иако големиот раскошен накит изгледа убаво, сепак може да ве „остари“ визуелно. Минималистичкиот и едноставен накит секогаш ќе направи да изгледате помладо.

Користете посветла шминка
Не залудно сè повеќе популарен станува природниот изглед. Светлите сенки и кармини ќе го освежат вашето лице и дефинитивно ќе направат да изгледате помладо.

Носете градник со точна големина
Градникот со погрешен број не само што е неудобен, туку може да направи и да изгледате постаро ако премногу ви ја затега и набира кожата. Градникот има влијание врз тоа како ви стои облеката, па важно е да го најдете вашиот точен број.

Обрнете внимание на деколтето
Блузите кои ги откриваат вратот и деколтето ќе направат да изгледате многу подобро и помладо. Затоа почесто одбирајте блузи со поширока јака и не ги закопчувајте кошулите до вратот.

Спирова С. | Црнобело