Ријана како замотана во јорган, ќерката на Мадона со влакна под пазуви – црвениот тепих на Мет Гала 2021 (фото)

Голем број познати личности продефилираа на годинешното издание на Мет Гала и се обидоа со своите костими да одржат вистинска модна лекција за американската мода.

rijana-zamotana-vo-jorgan-kjerkata-na-madona-so-vlakna-pod-pazuvi-crveniot-tepih-na-met-gala-2021-foto-001.jpg

Мет Гала е настан што вообичаено се одржува првиот понеделник од мај, но годинава поради светската пандемија настанот беше одложен.

Настанот беше прослава на најновата поставка на Институтот за костуми при Метрополитен музеј на уметноста, насловена „Во Америка: Лексикон за мода“.

На црвениот тепих славните и познатите личности се обидоа да ја презентираат темата на американскиот стил, но како и секогаш, некои ѕвезди оставија поголем моден впечаток и беа во центарот на вниманието.

Ријана по подолго време се врати на црвениот тепих придружувана од нејзиното момче ASAP Rocky, а на себе носеше тоалета од Balenciaga што вклучуваше и голем капут и шапка, а многумина ќе се сложат дека двајцата се како замотани во јорган.

rijana-zamotana-vo-jorgan-kjerkata-na-madona-so-vlakna-pod-pazuvi-crveniot-tepih-na-met-gala-2021-foto- (1).jpg

Најзабележителна беше промената кај Били Ајлиш која наместо вообичаената вреќеста облека се одлучи за тоалета од Oscar de la Renta, инспирирана од Мерлин Монро. 

Кендал Џенер се појави во тоалета од Givenchy инспирирана од модната икона Одри Хепберн, а ќерката на Мадона, Лурдес Леон, како и секогаш позираше со неизбричени пазуви.

Контроверзниот рапер Lil Nas X се појави во три златни аутфити од Versace. Ирина Шајк се појави во проѕирен фустан со цветни детали, а Џастин Бибер во крокс влечки.

Џеј Ло се појави во аутфит инспириран од вестерн ерата, со долг кафеав фустан, крзнено палто и каубојска шапка. Емили Ратајковски во оваа прилика носеше црвен фустан од Вера Ванг. Најстарата ќерка на Коби, Наталија Брајант се појави во авангарден балон фустан.

Но, најзабележителна од сите сепак беше Ким Кардашијан која се појави во целосно црно издание со маска што во целост ѝ го прикриваше лицето, од колекцијата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.

Погледнете фотографии од највпечатливите изданија во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава