Што да се облече во лето?

sto-da-se-oblece-vo-leto-povekjeТропските температури на кои сме изложени прават човекот да посака на улица да излезе како од мајка роден. Но рака на срце и така не би го спречиле потењето.


Летото е годишно време во кое е невозможно да се одбере соодветна гардероба, а при тоа и да изгледаме тренди.

Се поставува прашањето дали ако сакаме да изгледаме тренди треба да се има на располагање голема сума на пари?

sto-da-se-oblece-vo-leto

Не, не мора секогаш да е така, затоа псотои терминот паметен шопинг. Хармонија на квалитет, нешто умешност и материјални можности – тоа се трите основни елементи на паметниот шопинг.

Во средината во која што живееме треба да се стави акцент на мултифункционалноста.

Секогаш треба да се почне со обувките. Приоритет е тие да бидат од природен материјал, најважно е ногата да дише, а при тоа и да се задоволат естетските критериуми. Пронајдете сандали кои можете да ги носите во сите прилики, тоа не е невозможна мисија.

Пантоланите што ќе ги одберете не мора да се сосема едноставни. Секогаш можете да си дозволите минимален излет во дезен или кројка која е во тренд.

Каишот што ќе се носи со пантолоните мора стилски да биде близок и што поедноставен за да може да се комбинира со различни делови од гардеробата и разни детали.

Во вечерните варијанти кои што подразбираат дискотеки или кафе, секогаш можете да одберете некоја маица која што ќе ве расположи и вас и секој што случајно или намерно ќе ве погледне.

Доколку денот или вечерта отстапуваат од она што го очекувае ова лето, еден добар дуксер ќе го реши проблемот.

На крајот, треба да се каже дека мозокот е единствената работа која дефинитивно никогаш не излегува од мода.

Би можело да ве интересира:

Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...
Како да ги комбинирате капри панталоните – „најконтроверзниот“ тренд за ова лето? Дури и да ги мразите, вреди да им дадете шанса на капри панталоните – изгледаат ...
9 модели на костими за капење кои ќе бидат хит во лето 2026 Бикини или монокини со контрастна трака веќе гледаме насекаде, но и модели во пу...
Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Зоки Давитков во жолти панталони со раскопчано бело сако, Маја Кикириткова проме...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Како се облекоа најубавите дами на забавата по Victoria’s Secret шоуто – голотија и долна облека нас... Проѕирни фустани низ кои ѕирка долната облека, мини шорцеви, високи секси чорапи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg