2-годишната Дариа од Пробиштип е мини модна икона на Инстаграм

„Пред да ја имам Дариа многу сакав да се дотерувам и да експериментирам со несекојдневни парчиња облека, па слободното време по раѓањето на Дариа си го направи своето и почнав ова хоби да го практикувам и со ќерка ми“, открива мајката на малата Дариа за CRNOBELO.com.

2-godishnata-daria-od-probishtip-e-mini-modna-ikona-na-instagram-01.jpg

Ако го погледнете Инстаграм профилот на Дариа, ќе видите дека ова 2-годишно девојче од Пробиштип е мини модна икона.

Таа има повеќе од 4.000 следбеници на профилот и со помош на својата мајка презентира разни модни комбинации.

Мајката на Дариа за CRNOBELO.com открива:

„Профилот е отворен пред околу една година, најпрво како хоби, за подоцна да почнеме да остваруваме и соработки. Идејата дојде спонтано, како резултат на мојата опсесија со модни комбинации и стилови.

Пред да ја имам Дариа многу сакав да се дотерувам и да експериментирам со несекојдневни парчиња облека, па слободното време по раѓањето на Дариа си го направи своето и почнав ова хоби да го практикувам и со ќерка ми.

А и реално, многу малку е застапена модата за деца кај нас, па сакав на некој начин да бидеме модна инспирација и за други мајки.“

Фотографии од модните комбинации на Дариа:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Браво! Македонка што живее во Шведска стигна и на писта на Mодната недела во Стокхолм - Марис сподел... „Бев единствената Македонка што шеташе на Модната недела во Стокхолм 2026“, вели...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg