Најчестите грешки со шминка и облека што прават да изгледате старомодно
Ако не сакате да изгледате старомодно, најдобро оставете ги „бабинските“ џемпери за по дома и заменете ги со сако.
Трендовите постојано се менуваат и е практично невозможно секогаш да бидете во тек. Но, некои трендови, без разлика дали за облека или шминка, се толку застарени, што сигурно ќе направат да изгледате старомодно.
Кои се најчестите грешки со шминка и облека поради кои изгледате старомодно?
Постојано го покривате вратот
Во студените месеци нормална дека сакате да се облечете повеќе, но избегнувајте цело време да го криете и вратот.
Носите многу долги здолништа
Избегнувајте ги здолништата „до земја“ бидејќи изгледаат старомодно. Наместо тоа, дајте им предност на миди-здолништата кои се елегантни и модерни.
Носите „бабински“ џемпери
Дебелите џемпери со копчиња навистина топлат, но избегнувајте да излегувате со нив ако не сакате да изгледате старомодно. Наместо нив, многу подобро е да облечете сако.
Носите само црна облека
Црната боја им стои добро на сите, но не претерувајте. Немојте постојано да се облекувате во црно „од глава до пети“ и дајте им шанса и на посветлите нијанси.
Ставате нападна шминка
Ако станува збор за вечерно излегување, во ред е да ставите потемна шминка. Но, ако станува збор за дневно излегување или за на работа, подобро користете посветли нијанси.
Носите преширока облека
Широките парчиња облека се вистински хит, но морате да ги комбинирате внимателно. Истовремено, избегнувајте да купувате преголеми парчиња кои целосно ќе ве скријат.
Обожавате цветни принтови
Цветните принтови, особено оние со многу детали и со ситни цветови, речиси секогаш изгледаат старомодно.
Користите лажен тен
Навистина е тешко да ја погодите вистинската нијанса кога станува збор за лажен тен. Поголема е веројатноста да добиете портокалова нијанса која премногу потсетува на 2000-тите.
Ако сакате потемен тен, почекајте го топлото време и исончајте се. Секако, не го заборавајте кремот со заштитен фактор.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


