Трикови за неодолив мирис

trikovi-za-neodoliv-miris-povekjeНа поголемиот број жени многу им е важен убавиот мирис – од таму потекнува и женската љубов кон парфемите. Но, ако мислите дека сте ја пронашле...


...мирисната нота која најмногу ви одговара – не е баш така! Секогаш може и подобро, секогаш постојат ситни трикови како тој убав мирис да се употреби и да мирисате уште поубаво.

Еве мали трикови во врска со убавиот мирис, кои е добро да се знаат.

trikovi-za-neodoliv-miris

  • Како што сигурно знаете, парфемот е правен така да реагира на кожата, а не на облеката. Покрај тоа, поголемиот број жени го прскаат парфемот врз облеката. Немојте! Покрај тоа што можете да направите флеки на облеката, вашиот убав парфем ќе има помалку ефект. Нанесете го на телото додека сте сè уште без облека.
  • Мирисот може да се „гради“ слој по слој, така што на долниот веш ќе нанесете миризливо масло, или крема која ќе трае подолго. Потоа попрскајте се со лесна спреј верзија од истиот мирис. Така ќе добиете убава и лесна летна варијанта.
  • Кога сме кај летото, сосема е возможно да мирисате убаво и на плажа. Сепак, немојте да употребувате парфеми, затоа што алкохолот од парфемот на сонцето може да направи проблеми со пигментацијата, па да изгледате малку чудно. Повеќето креми за сончање имаат пријатен мирис, но ако се потрудите, можете да најдете некои и без мирис. Намачкајте се и уживајте!
  • Кога се работи за специјални вечерни прилики, можете да употребите светкав и миризлив гел или масло за тело – така вашата кожа ќе блеска и ќе мириса.
  • Уште еден трик, пред употреба тој гел или масло држете го во фрижидер, така ќе добиете инстант освежување.
  • Користите гел, масло или пена за коса? Искористете го тоа за да ви мириса косата поубаво! Гелот, маслото или пената помешајте ги со малку парфем пред да ги нанесете и секогаш кога ќе замавнете со главата ќе се емитува убавиот мирис.

Би можело да ве интересира:

Модни комбинации со кои ќе постигнете тивок луксуз оваа есен – едноставен и скап изглед (фото) Ако сакате да изгледате скапо, а сепак едноставно и да зрачите луксуз во боите н...
Предлог комбинации со плетени панталони – новото омилено парче за есен и зима (фото) Меки и удобни, плетените панталони се идеални за лежерните комбинации кога темпе...
Нина Ангеловска издоминира во фустан со оскаровски гламур на настан, покрај сопругот (фото) Со елеганција и префинетост во впечатлива тоалета блесна Нина Ангеловска, претсе...
Даниела Димитрова е наша модна докторка со дамски, префинет стил и страст за патувања (фото) Д-р Даниела Димитрова е позната по доброто чувство за естетика, а нејзиниот дамс...
Столе Димитриевски носи Louis Vuitton чанта за собир на репрезентацијата - пак покажа зошто е меѓу г... „Накитил се, испеглал се, чевли светат ко огледало! Стајл кумановски, Столе ко о...
8 модели на чевли со кои можете да ги комбинирате фустаните летово (за да не изгледате здодевно) Носете фустани со еспадрили на платформа, но и со хит мрежастите балетанки, комб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg