10 модни трикови со кои нозете ќе ви изгледаат витки (и нема да мора да ги криете)

Наместо кратки и тесни, носете здолништа со А-крој и пробајте да истакнете друг дел од телото со моден додаток или впечатливо парче облека.

10-modni-trikovi-so-koi-vashite-noze-kje-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-01.jpg

Огромен број жени се чувствуваат несигурно во врска со изгледот на нивните нозе. Ако и вие спаѓате овде, важно е да го прифатите изгледот на вашето тело и да почнете да се чувствувате удобно во своја кожа.

Исто така, треба да имате на ум дека различните парчиња облека не им стојат добро на сите бидејќи секоја жена и девојка има различен тип на тело.

Што значи, постојат многу модни трикови кои ќе ви помогнат да ги истакнете карактеристиките што вам ви се допаѓаат, но и да го подобрите изгледот на она што го сметате за несовршеност.

Неколку модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на нозете:

Свртете го вниманието кон други делови од телото

Впечатлив накит, шешир, голема чанта – постојат многу начини да го промените фокусот.

Со облека и модни додатоци, нагласете ги карактеристиките што ви се допаѓаат и изгледот на вашите нозе ќе дојде во втор план.

10-modni-trikovi-so-koi-vashite-noze-kje-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-02.jpg

Носете долги блузи и палта

Ако сметате дека имате широки колкови и нозе, долгите блузи, кошули, палта и слично можат да ги направат визуелно послаби.

10-modni-trikovi-so-koi-vashite-noze-kje-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-03.jpg

Широки фустани

Незадоволството од изгледот на вашите нозе никогаш не треба да ве спречи да облечете фустан.

За да се чувствувате посамоуверено, одбирајте модели кои се тесни во горниот дел, а од половината надолу се широки.

Од друга страна, избегнувајте многу тесни и кратки фустани кои ги нагласуваат нозете.

10-modni-trikovi-so-koi-vashite-noze-kje-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-04.jpg

Асиметрични фустани и здолништа

Поради впечатливиот крој, асиметричните фустани и здолништа значително го подобруваат изгледот на нозете.

10-modni-trikovi-so-koi-vashite-noze-kje-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-05.jpg

Дајте им предност на вертикалните линии

Вертикалните линии визуелно ја издолжуваат фигурата, па можат да направат вашите нозе да изгледаат подолги и послаби.

10-modni-trikovi-so-koi-vashite-noze-kje-izgledaat-podobro-od-koga-bilo-06.jpg

Уште пет трикови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 модни трендови кои сега се „ИН“, но во иднина можно е да им се смееме Вреќести панталони и фармерки, бициклистички со сако се само дел од актуелните т...
5 модни гревови кои прават секоја жена да изгледа кич (4-иот е најголем) Моден грев 1: Слепо следење на трендовите. На пример, фармерките со низок струк ...
10 модни трендови од 2022-ра година, со кои треба да се збогувате Ќе се збогуваме со тесните, струкирани сакоа и со трендот тексас со тексас, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg