8 бонтон правила кои жените често ги прекршуваат кога носат чанта
Чантата не се остава на земја и не се држи во скут, а на свечени настани секогаш се носи мала чанта – бонтон правила до кои културните дами мора да се придржуваат.

Женската чанта не е само нешто во што треба да се стави сè што ќе ви се најде на патот до излезот од дома, а кога ќе излезете да ја фрлите каде ќе стигнете.
Освен што треба да внимавате добро да ја искомбинирате со аутфитот, важно е и како ја носите и каде ја чувате и држите.
Културните дами следат неколку бонтон правила со цел да не се најдат во непријатна ситуација и да не остават погрешен впечаток.
Женски правила до кои треба да се придржувате кога носите чанта со вас:
Во угостителски објект не треба да ја држите чантата во скут и да создавате непријатност

Чантата не се остава никогаш на земја

На свечени или официјални настани не треба да носите голема чанта, туку мала

Чантата никогаш не се носи во десната рака – треба да ви е слободна за поздравување

Строго е забрането ставање на чантата на маса – некултурно е да заземате простор, плус е нехигиенско

Внимавајте чантата никогаш да не ви е отворена и да ѕиркаат секакви предмети од неа

Не ја истурајте чантата во јавност за да најдете нешто мало – тргнете се на страна и вадете едно по едно

Не барајте од мажот да ви ја носи чантата – не е негова должност

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници)
Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио...
Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото)
Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото)
Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Чанта од 20.000€, скапи дизајнерски парчиња - Колку чини облеката што ја носи Александра Пријовиќ?
Гардеробата на Пријовиќ привлекува толкаво внимание, што на Инстаграм постои и п...
Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките?
Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на...
