Популарни летни парчиња што треба да ги избегнувате ако сакате да изгледате елегантно

Кроп-топ маичките не се најдобар избор за елегантните модни комбинации, а истото важи и за летната облека што е малку проѕирна.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-01.jpg

Во лето сите сакаме да носиме што е можно помалку облека направена од лесни материјали. Но, во зависност од пригодата, не секогаш можеме да си го дозволиме овој „луксуз“.

Кога станува збор за деловни комбинации или настан кој бара да се облечете елегантно, треба да избегнувате одредени парчиња што се популарни во текот на летото.

Ова не значи дека не треба да ги носите овие парчиња, туку избегнувајте да ги вметнувате ако целта ви е да изгледате елегантно.

Која облека да ја избегнувате, а на која да ѝ дадете предност во елегантните комбинации?

Парчиња со ситни цветови

Принтот со цветови е популарен неколку летни сезони, но многу ситните цветови не изгледаат најдобро.

За поелегантен изглед, подобро одберете дезен со поголеми принтови.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-02.jpg

Кратки панталони од тексас

Овие панталони се совршени за топлите летни денови, но не се вклопуваат најдобро во елегантни комбинации.

Шорцовите од друг материјал, од друга страна, кои се и малку широки, можат да изгледаат навистина елегантно.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-03.jpg

Кроп-топ

Кроп-топ маичките не изгледаат многу елегантно. Но, има исклучок од ова правило – ако станува збор за комплет со кроп-топ и панталони или здолниште со висок струк, можат да изгледаат мошне елегантно.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-04.jpg

Комбинезон со многу кратки панталони

Овие комбинезони изгледаат добро само на плажа.

За елегантен изглед одберете комбинезон со долги панталони, а уште подобро ако има само една боја или суптилен дезен.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-05.jpg

Штикли со панделки и украси

Овие детали на чевлите неретко можат да изгледаат евтино, па најдобро избегнувајте ги.

Во летните денови ќе изгледате многу подобро со едноставни сандали со висока потпетица.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-006.jpg

Проѕирна облека

Многу летни парчиња се направени од лесен материјал кој некогаш е и проѕирен.

Но, проѕирната облека никогаш не изгледа елегантно.

Затоа, дајте им предност на парчиња од малку подебел материјал.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-07.jpg

Комплети што изгледаат како пижами

Широките комплети со уникатни дезени се навистина удобни, но не се најдобар избор за елегантните комбинации.

Наместо нив, дајте им предност на еднобојните костими со панталони и сако.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-08.jpg

Накит со камчиња

Овој накит може да биде забавен додаток за некоја летна комбинација, но не и за елегантните.

Овие парчиња накит изгледаат по малку „детинесто“, па избегнувајте да ги носите со елегантни комбинации.

popularni-letni-parchinja-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-elegantno-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 совети како долната облека на вас да изгледа префинето и секси (а не кич и невкусно) Внимавајте на деколтето: Ништо не го расипува повеќе визуелниот изглед на жената...
9 модни тајни на Французинките со кои изгледаат стилски, дури и во зима со куп облека Носат капут со поголем број,  не се откажуваат од белите панталони и во зим...
Mодели на чевли кои изгледаат одлично на Инстаграм, но не се практични во реалноста Легендарните штикли со црвен ѓон на Louboutin се едни од најпосакуваните и денес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg