Розовите „Барби“ фустани се хит ова лето – кои домашни и странски ѕвезди се појавија во нив? (фото)
Додека светот со нетрпение го очекува новиот Barbie филм во кој главните улоги ги имаат Марго Роби и Рајан Гослинг, малите розови фустани и воопшто розовите аутфити инспирирани од популарната кукла ги освоија светските, но и нашите домашни ѕвезди.

Додека сѐ уште никој не знае за што говори најновиот филм Barbie, редовно кружат фотографии на кои можеме да ги забележиме Марго Роби и Рајан Гослинг во изданија инспирирани од пластичната кукла со која пораснаа многу генерации наназад.

Се чини дека „барби треската“ почнува да се шири масовно и кај сите познати личности, па така голем број од нив сѐ почесто се појавуваат во слични аутфити.

Меган Фокс и нејзиниот свршеник Машин Ган Кели се појавија во издание како Барби и Кен, сестрите Кардашијан исто така одлучија да го промовираат овој изглед, а истото го направија и српската манекенка Софија Мило, но и нашата пејачка Теа Трајковска.

Во продолжение погледнете кои светски и наши ѕвезди ова лето се појавија во Барби аутфити:
Меган Фокс



Клои Кардашијан


Ким Кардашијан

Лизо

Хејли Бибер

Софија Мило


Теа Трајковска

Б. С. Б. | Црнобело