Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови Сад ова лето 2023?

Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сечиј вкус - фестивал на виното, посета на историски локалитети, плажи покрај Дунав, но и бурен ноќен живот и забави до зори на ЕXIT, еден од најголемите европски музички фестивали. Истражете го во јуни или јули и уживајте во сè што ви нуди - а листата е навистина голема и разновидна.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-01.jpgфото: Александар Милутиновиќ 

Еден од најубавите градови во Србија, Нови Сад, со векови плени со својата величественост. Тој е вистински град на спротивности кој истовремено нуди по нешто за сите.

Од една страна е тивок – со пријатни луѓе, природни убавини и историски знаменитости за оние што сакаат да поминат неколку мирни дена таму.

Од друга страна, Нови Сад е познат по одличниот ноќен живот, лудите забави до зори и ЕXIT, најголемиот музички фестивал во регионот.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-07.jpg
фото: Александар Милутиновиќ

Без разлика дали сакате да се опуштите или да се забавувате како никогаш во животот, Нови Сад е една од дестинациите кои треба да се најдат на вашата листа ова лето 2023.

Освен одличната храна и пријатната атмосфера, градот и неговата околина нудат навистина многу.

Ви препорачуваме да уживате во фестивалот на виното „Interfest“ и да го посетите Новосадскиот вински пат, неколку дена да поминете на EXIT и да се забавувате со некои од најголемите светски ѕвезди или да отидете на прошетка до Фрушка Гора, планината која се наоѓа во близина на градот.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-08.jpg
фото: Александар Милутиновиќ

Кои сè места во Нови Сад и неговата околина можете да ги истражите во јуни и јули?

Фестивал на виното – Interfest

Меѓународниот фестивал на виното Interfest годинава го прославува своето јубилејно 20-то издание, а ќе се одржува на Плоштадот на слободата од 15 до 17 јуни 2023 година.

Овој Меѓународен фестивал е еден од омилените настани на новосаѓани, но и на бројните туристи кои го посетуваат со години.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-04.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Љубителите на виното оваа година ќе може да го изберат својот фаворит помеѓу 500 различни видови вино.

Фестивалот промовира семејни винарии, но и винарии кои успеале да прераснат во големи и препознатливи имиња во регионот и на европската сцена.

Квалитетно вино ќе понудат и локалните винарии кои се наоѓаат долж Новосадскиот вински пат.

Освен во доброто вино, посетителите ќе може да уживаат и во жестоки пијалаци и ликери кои се произведени во српските дестилерии.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-02_copy.jpgфото: Александар Милутиновиќ 

Новосадски вински пат

Љубителите на квалитетното вино последниве години сè почесто доаѓаат во Нови Сад и околината. А една од причините за тоа е посетата на Новосадскиот вински пат, по чија должина се наоѓаат многу лозја и локални винарии.

Тие што ги пробале овие уникатни вина, велат дека вкусот ги буди сите сетила и создава пријатно чувство.

Новосадскиот вински пат се наоѓа по должината на Сремска Каменица – Лединци – Раковац – Бегеч – Ковиљ и Темерин.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-06.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Во малите винарии што ќе ги посетите по должината на овој пат, домаќините ќе ве пречекаат љубезно и со насмевка.

Освен што ќе пиете одлично вино, ќе слушнете и приказни за традицијата на производство на вино која е зачувана со генерации.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-05.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Забави до зори на EXIT

Доколку сакате електронска музика и журки до зори, не сте доживеале ништо ако барем еднаш во животот не сте го посетиле EXIT.

Најголемиот музички фестивал во регионот, кој неколкупати е прогласен и за најдобар во Европа, оваа година ќе се одржува од 6-ти до 9-ти јули, традиционално на Петроварадинската тврдина.

И овојпат ќе настапат бројни изведувачи – светски и локални ѕвезди и музичари во подем. Тие 4 дена ќе ја забавуваат публиката од цела Европа на 40 бини и во неколку фан зони.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-09.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Но, што ако сакате мирен викенд?

И тогаш нема да згрешите ако го посетите Нови Сад, а освен прошетките низ градот, ќе можете да ја истражите и неговата околина.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-14_copy.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Прошетка во Иришки венац

На планината Фрушка Гора се наоѓа излетничкото место Иришки венац, едно од омилените места на новосаѓани, но и на околното население, кои доаѓаат тука и во зима и преку лето.

Освен што можете да отидете на прошетка во оваа зелена оаза, можете да ручате во хотелот кој се наоѓа таму или да си направите пикник и да се чувствувате како дел од локалното население.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-13.jpgфото: Драган Куруциќ

Излет до Врдник

Врдник е мало населено место на јужната страна на Фрушка Гора. Познато е по термалните бањи, па многумина доаѓаат тука и на рехабилитација.

Во населбата се наоѓа и манастирот Врдничка Раваница, а во околината има бројни пешачки патеки, но и излетнички места.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-12.jpgфото: Александар Милутиновиќ

На плажа на брегот на Дунав

Нови Сад не нуди само градски туризам. Во текот на јули плажите на брегот на Дунав се полни со посетители, особено во попладневните часови.

Тука доаѓаат сите што сакат да се освежат од летните горештини, но и тинејџери и семејства, на кои ова им е едно од омилените места во градот.

Најпопуларна е плажата Штранд, на која се организираат и бројни културни и гастрономски настани.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-11.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Нови Сад и неговата околина нудат уште многу забавни активности, културни настани и гастрономски уживања. Доколку сакате да дознаете што сè ве очекува во бисерот на Војводина, тука погледнете ги настаните за јуни и јули.

od-zabavi-do-zori-na-exit-do-degustacija-na-500-razlichni-vida-vino-zoshto-treba-da-go-posetite-novi-sad-ova-leto-2023-10.jpgфото: Александар Милутиновиќ

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Винска тура низ Истра – зеленило и вино, одлична идеја за кратко патување (фото) Најголемиот, а многумина би се согласиле и најубавиот полуостров во Хрватска, Ис...
5 мали градови што треба да ги видите (барем) еднаш во животот Лозана во Швајцарија и Берген во Норвешка се помали од градовите кои се популарн...
На кои плажи и места во Грција морето е најтопло? Во Паралија, како и на островот Родос, има многу плажи каде што морето е многу т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg