Најубавите плажи во светот и Европа за 2023 година – Грција е лидер од регионот

Според мислењето на новинари, блогери и инфлуенсери кои го пропатувале светот, во Грција се наоѓаат дури три од најубавите плажи во светот. Кои други земји од регионот се најдоа на листата за 2023-та?

najubavite-plazhi-vo-svetot-i-evropa-za-2023-godina-grcija-e-lider-od-regionot-01.jpg

Како што кажува неговото име, веб-сајтот The World’s 50 Best Beaches веќе неколку години по ред објавува листа со 50-те најубави плажи во светот.

За да ја направат листата, од сајтот се консултираат со над 750 новинари, уредници, блогери, инфлуенсери и туристички агенции, односно експерти кои го пропатувале светот.

Овие експерти самите номинираат плажи и гласаат.

На листата за 2023 година се најдоа и плажи од Грција, Хрватска и Турција.

Грција води со три плажи – Navagio, Myrtos и Balos.

Од Хрватска, на листата се наоѓа плажата Pasjaca, а од Турција – плажата Kaputas.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

На сајтот е објавена и листа со 50-те најдобри плажи во Европа.

Од околните земји, Грција повторно доминира со седум плажи на листата – Myrtos, Balos, Elafonissi, Porto Katsiki, Red, Seychelles, Sarakiniko.

Следна е Хрватска со четири плажи – Pasjaca, Betina Cave, Podrace, Zlatni Rat.

Потоа следи Турција со три плажи – Kaputas, Kelebekler Vadisi, Oludeniz.

На листата се наоѓа и црногорската плажа Sveti Stefan како и албанската плажа Gjipe.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори) Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
Топ 7 најубави плажи во Бугарија - ќе ве изненадат со својата убавина Иако многумина не би го одбрале Црното Море за летување, сепак некои плажи на бу...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg