Неа Флогита - идилично селце на Халкидики со прекрасна песочна плажа, на само 65km од Солун

Плажата со златен песок е долга колку што ви држи погледот. На брегот има многу лежалки и чадори, кафулиња и таверни со традиционална храна или морска храна – по нешто за сечиј вкус. Водата е бистра и тиркизна и најчесто мирна преку ден. 

nea-flogita-idilichno-selce-na-halkidiki-so-prekrasna-pesochna-plazha-i-bajkoviti-taverni-na-samo-65km-od-solun-01.jpg

Едно од омилените места за летување на Македонците во Грција е првиот крак Халкидики и малите живописни гратчиња и селца со прекрасни плажи и интересен ноќен живот. А меѓу нив, секако е Неа Флогита, на 65km од Солун и само 6km од Неа Мудања и истоимената плажа која се протега по целата должина на селцето.

Поради близината до Солун и другите одморалишта на Халкидики, Неа Флогита е полна со туристи во текот на летото. Преку зима, пак, тука живеат само околу 1.500 луѓе.

Се наоѓа помеѓу Неа Мудања и Неа Плагија и се смета за една од најчистите и најубави дестинации за пливање. До неа се доаѓа лесно и брзо со автомобил, па затоа привлекува многу туристи.

Покрај самата плажа има засадено околу 600 палми, кои го разубавуваат крајбрежјето и шеталиштето во Неа Флогита.

Плажата со златен песок е долга колку што ви држи погледот.

На брегот има многу лежалки и чадори, кафулиња и таверни со традиционална храна, месо или таверни за морска храна – по нешто за сечиј вкус.

За оние што не сакаат да се на лежалка, постојат и делови од плажата каде што самите може да постават пешкир и сопствен чадор за сонце или да се скријат под дрвјата, кои даваат убава сенка.

Водата е бистра и тиркизна, најчесто мирна преку ден. Во овој регион брановите се поретки, водата е плитка и затоа тука летуваат многу семејства со мали деца.

Но, Неа Флогита е погодна и за луѓе кои патуваат сами, за љубителите на опуштени и мирни одмори, но и за повозрасни лица.

Покрај пливање и сончање, можете да организирате и други активности, па да изнајмите педалинка, морски кајак или опрема за сурфање.

Селцето Неа Флогита е основано во 1923 година, кога тука се населиле бегалци од Кападокија, Турција. Изградено е на рид кој гледа на Термаикосовиот Залив. Денес таму живеат околу 1500 жители.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg