10 дестинации во Македонија што вреди да ги посетите ова лето, според странски блогер кој живеел тука

Ако сте расположени за пливање, одете во Трпејца на брегот на Охридското Езеро, а ако сакате едукативно патување, задолжително посетете го древниот град Хераклеја, кај Битола. Блогерот Кристијан Бант издвојува дел од дестинациите во Македонија што му оставиле најголем впечаток додека живеел овде. Македонија е прекрасна земја, зарем не? И понекогаш ни е потребно некој отстрана да нè потсети на тоа.

10-destinacii-vo-makedonija-shto-vredi-da-gi-posetite-ova-leto-01.jpg

Летото нè асоцира на плажа и море, па овој период најпопуларни дестинации се соседните и околните земји кои излегуваат на море.

Но, зошто да не бидете турист во нашата држава?

Блогерот Кристијан Бант издвојува дел од дестинациите во Македонија што му оставиле најголем впечаток додека живеел овде.

10 од нив што вреди да ги посетите летово:

Матка

Кањонот Матка е една од најживописните дестинации во близина на Скопје.

Покрај кањонот има патека за пешачење, а препорачливо е да ја посетите и пештерата Врело до која се стигнува со чамец.

Трпејца

Трпејца е шармантно село на брегот на Охридското Езеро.

Ако сакате да избегате од метежот во Охрид, можете да се релаксирате на тамошната плажа со камчиња.

Националниот парк Галичица

Националниот парк Галичица е лоциран помеѓу Охридското и Преспанското Езеро.

Ако сте расположени за планинарење, можете да се качите до врвот каде што ќе ве пречека надреална глетка од двете езера.

Вевчани

Вевчани е едно од поуникатните села во Македонија и се наоѓа во западниот дел на државата.

Покрај архитектурата во селото, дефинтивно ќе уживате и во Вевчанските извори кои се опкружени со густа шума.

Радожда

Уште едно село на брегот на Охридското Езеро.

Радожда е мало рибарско село кое нуди одличен поглед кон езерото. Ако одите овде, задолжително посетете ја и малата црква Св. Архангел Михаил која се наоѓа на карпа.

Прочитајте и „Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“

Уште пет дестинации на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...

Најчитани неделава