Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села

Брајчино – спој на природата, историјата и традицијата

Со изобилие од прекрасни пејзажи, патеки за пешачење и планирање со најубавиот поглед на Преспанското езеро и чист планински воздух, во срцето на Пелистер, селото Брајчино ги дочекува љубителите на природата.

Селото ги има сите предности за развој на екотуризам, тоа е вистинска воздушна бања, изворска студена вода, висока и зелена шума, планински врвови и аромата на преспанските јаболка кои како рубини се црвенеат во крошните.

А кога на сета таа недопрена природна убавина ќе се додадат традиционалните преспански јадења подготвени тазе од гостопримливите селани, тогаш со право Брајчино го носи епитетот за еден од најубавите села во Македонија.

Кога се споменува преспанската котлина, тогаш вреди да се споменат и селата Долно Дупени, Царев Двор, Стење и Сливница, секое со посебна убавина...

Радожда – струшката езерска убавица

Сместено во подножјето на карпестиот гребен, рибарското село Радожда на брегот на Охридското езеро е синоним за спокојност, мирен живот и кротки жители кои со раширени раце ги пречекуваат посетителите.

Велат не може да се одлучи што е поубаво во Радожда, изгрејсонцето или зајдисонцето, но вреди да се видат овие две магии на сонцето и езерото.

Богато со цркви, некои мали и скриени во карпите, ова село е вистински рај за мир на душата во секоја доба од годината.

Во Радожда ќе ве воодушеват планините и кристалната езерска вода која го плиска брегот. Додека уживате во планинските патеки ќе ги наситите очите со поглед кон Охридското езеро.

Лазарополе – мијачко село скриено во срцето на Бистра

На падините на планината Бистра, на надморска височина од 1350 метри е сместено мијачкото село Лазарополе. Поради неговата надморска височина, ова село не е погодно за земјоделие, но затоа порано било полно со овци, а сирењето и кашкавалот бил надалеку познати по својот вкус и квалитет.

Ова мало, но преубаво македонско село е вистински предизвик за сите љубители на планинарењето, бидејќи нуди одлични патеки низ густа шума и чист воздух.

Велат дека Лазарополе е најубаво во рана пролет, кога цветаат нарцисите, но е исто волшебно и во есен и зима.

Овие пет села се само мал дел од богата ризница на Македонија. Ги има уште многу, скриени од градовите и сиот тој метеж и хаос, заштитнички ги чуваат природните богатства од модернизацијата и асфалтот.

Таму сè уште се гази по сокаци и калдрми, таму се полни вода на чешми на сред село, се собираат диви јагоди и малинки напролет и планински чај, мајчина душичка и кантарион во доцно лето, есента е за мирис на зимница, а зимите се за спокој под бела снежна прекривка.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg