Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 работи кои НЕ треба да ги правите во Грција, ако сакате да си го „спасите“ летувањето

Не влегувајте во море ако има црвено знаме, не пазарете додека во автомобилот имате куфери, не пливајте со бурми и не го шетајте детето да шета голо по плажа - кои правила треба да ги следите во Грција за да имате одмор без нервози и несакани проблеми, според искуства на туристи?

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-grcija-ako-sakate-da-si-go-spasite-letuvanjeto-01.jpg

Полека, но сигурно, туристите ја отвораат летната сезона во Грција, па веќе викендите се користат за уживање на сонце, покрај море, со вкусно гиро или морски специјалитети во таверна.

Но, ако се сметате за искусен патувач, веројатно знаете дека има некои работи на кои треба да внимавате ако не сакате да си го уништите одморот.

Некои општи правила важат за каде и да одите на летување, но искусните туристи кои редовно ја посетуваат Грција, во групите на социјалните мрежи често споделуваат искуства за тоа со какви проблеми се соочиле.

Врз база на овие искуства, од GrčkaInfo споделуваат 10 работи кои никогаш не треба да ги правите, ако сакате да си спасите време, нерви и да си поминете без проблеми.

Следете ги овие правила ако сакате да имате опуштен одмор:

1. Не влегувајте во море ако има црвено знаменце на плажата (дури и ако вие проценувате дека не е опасно според она што го гледате).

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-grcija-ako-sakate-da-si-go-spasite-letuvanjeto-02.jpg

2. Не паркирајте на забранети места – ќе останете без таблички и возачка дозвола (а можеби и со уништен автомобил).

3. Не заборавајте да внимавате на чантата и парите на збирните места од каде што поаѓаат туристичките автобуси – може да сте мета на крадци во голема толпа со туристи.

4. Не им верувајте слепо на огласите за сместување кои ги наоѓате на социјалните мрежи – има секакви измамници.

5. Не оставајте ништо вредно (па и безвредно) во автомобилот кога излегувате од него – може да бидете ограбени.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-grcija-ako-sakate-da-si-go-spasite-letuvanjeto-03.jpg

6. Не одете да пазарите во маркет веднаш само што ќе стигнете во местото – автомобилите со куфери и секакви останати работи може да се мета на кражби.

7. Не го пуштајте детето да се шета голо по плажа, за жал на многу места демнат педофили.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-grcija-ako-sakate-da-si-go-spasite-letuvanjeto-04.jpg

8. Не носете бурми на плажа – групите на Фејсбук се преплавени со објави за изгубени прстени на плажа и во море – поштедете се од стрес.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-grcija-ako-sakate-da-si-go-spasite-letuvanjeto-05.jpg

9. Веднаш штом ќе ви ги вратат пасошите на граничниот премин, проверете дали се сите патни исправи на број и дали истите ви припаѓаат вам.

10. Не возете побрзо од дозволеното и почитувајте ги ограничувањата – казните се големи, а животот нема цена.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-vo-grcija-ako-sakate-da-si-go-spasite-letuvanjeto-06.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Најубавите тајни дестинации низ Европа за 2025-та Од колоритни улички низ Боса во Италија, до бајковитото селце Несо на Езерото Ко...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg