Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 2025?
Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени околу 40km едно од друго. И иако двете го имаат оној грчки шарм, сепак се разликуваат во многу нешта, вклучувајќи ги и цените - и на плажите и во рестораните. Како се движат цените оваа сезона?

Иако јуни е на средина, летната сезона, се чини, е одамна почната. А голем број Македонци веќе беа на викенд во Грција или на рано летување.
Таверните во овој период од годината не се полни, не се полни ни плажите, но туристи има - некаде помалку, некаде повеќе.

Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени околу 40km еден од друг.
И иако двете го имаат оној грчки шарм, сепак се разликуваат во многу нешта, вклучувајќи ги и цените.

Па така, Неа Флогита е поевтина од Полихроно за многу работи - од кафе и пиво на плажа, преку цените во маркетите, но и цените на сместувањето.
Она што е исто за двете туристички места е што беа преполни со Македонци.

А какви се цените овој јуни 2025 во Полихроно и во Неа Флогита?
Скоро цела плажа во Неа Флогита е со лежалки од околните кафулиња и бич-барови.
Оној што го посетив јас имаше многу прифатливи цени - лежалките не се плаќаа, туку можеа да се користат ако порачате нешто.
Во пакет одат 2 лежалки со чадор за сончање.

Па така, нес кафе и фредо еспресо беа по 3 евра, а грчко (односно турско) кафе во мала шолја беше 2.5 евра.
На неколку места видов дека се нуди кафе за носење, и без оглед што и да порачате, цената му беше 2,5 евра.

Цената на пивото на плажа варираше, зависно од големината и типот, а се движеше од 3 до 5 евра.
Гирото се продаваше меѓу 4.20 и 4.50 евра, а пица, зависно од видот - меѓу 11 и 15 евра.

Клуб сендвич на плажа е 9 евра, бургер - 10 евра, а тост е 4 евра.
Цезар салата, на пример, е 10 евра.

