Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 2025?
Цените во Полихроно се слични.
Таму, гирото е 4.70 евра, а пиво, во зависност од тоа дали е точено или во шише, варира од 3 до 5.50 евра.

Цезар салатата на плажа во Полихроно беше 8 евра.
Сок газиран е меѓу 2 и 3 евра, додека негазиран сок е и 4 евра на некои места.

Најевтината мала пица е 8 евра, а најевтината голема пица е 10 евра.
Во Полихроно може да најдете и пица на парче, која е 2 или 2.5 евра.

Во таверните има и понуда на грчки специјалитети, кои се движат од 10 евра нагоре.
За оваа сума од 10 евра може да порачате мусака, на пример, додека порција јагнешко е 14 евра.

И цената на морската храна варира - пржени лигњи се од 10 евра нагоре, октопод на скара е 17 евра, додека шкампи на скара се 18.5 евра.

Популарната портокалипита се продава за 3.5 евра парче во слаткарница, а во ресторан меѓу 4 и 5 евра.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
