Вистински тиркизен рај: Најубавата и најфотографирана плажа во Турција се наоѓа во близина на Фетије (фото)
Ölüdeniz е вистинска разгледница од Турција - совршено место за уживање во природната убавина на Егејот. Со Сината Лагуна и планината одзади е рај за туристите.

Ölüdeniz (Ољудениз) е една од најпознатите плажи во Турција. Сместена е на околу 14 километри од градот Фетије, на југозападниот брег на Егејското Море и таму се наоѓа познатата Плава Лагуна, едно од најфотографираните места во оваа земја.

Името на плажата значи „Мртво Море“, бидејќи водите тука се неверојатно мирни, дури и кога има силен ветер во околината.

Таа е посебна поради тиркизно синото море. Водата тука е кристално чиста.
Плажата е мешавина од ситни камчиња и песок, со постепен влез во водата.

Ölüdeniz е дел од национален парк и заедно со спектакуларната Лагуна е поим за уникатна природна убавина.
Планината Бабадаг над плажата е едно од најдобрите места во светот за параглајдерство, со прекрасен поглед над лагуната.

На плажата има лежалки и чадори за изнајмување, кафулиња и ресторани покрај брегот, како и туристички бротчиња што пловат до блиските заливи и островчиња.
Најдобро време за посета е доцна пролет и рана есен – во мај, јуни, септември и октомври, кога времето е пријатно топло, а гужвите се помали. Летните месеци се исто така популарни, но има многу повеќе туристи и повисоки температури.

Ölüdeniz нуди незаборавно искуство за љубителите на природа, море и авантура, и со право се смета за една од најубавите плажи во Турција.

Инаку, градот Фетије е хармонична комбинација од историја, природни убавини и модерна туристичка инфраструктура. Со околината има околу 177.000 жители.



Кликнете на видеата:
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com