Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу туристи
Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венеција, сепак, постојат толку многу места кои не смеете да ги занемарите и вреди да ги посетите.

Некои градови се навистина идеални за есенска патувачка авантура - колоритни се, нудат убава забава, изобилуваат со места со вкусна храна, но не се преплавени со туристи како некои европски метрополи или познати туристички места.
Па, ако размислувате за патување оваа есен, а сè уште не сте ја избрале вашата дестинација, ви нудиме листа од 6 града, кои се идеални за да направите совршени фотки, а притоа да не се „туркаме“ и газите со илјадници туристи на секој чекор.
Ако сакате мирен одмор (или викенд), на место кое дише со култура и убавина, земете предвид некоја од овие дестинации:
Гент, Белгија
Луѓето кои ја посетуваат Белгија најчесто одат во Бриж - град со прекрасна архитектура и канали по кои можете да пловите со чамци.
Но, слични услови нуди и Гент, но со многу помалку туристи (а со тоа и помалку нервоза).
Во градот има прекрасна средновековна тврдина, базари на отворено, многу пивници со локално пиво.
Можете да седнете на белгиски компирчиња или вафли или да се прошетате покрај живописните канали, од кои застанува здивот.



Ровињ, Хрватска
Ровињ е оној тип на приморски град во кој ќе сакате да се изгубите низ уличките, да бидете со апаратот или телефонот во рака, и да го фотографирате секој агол или да се фотнете покрај секоја куќа.
Ако на тоа го додадете и фактот дека излегува на море, дека има прекрасно пристаниште, врвни ресторани за морска храна, но и многу помалку туристи отколку Дубровник или Хвар, на пример, тогаш не треба да имате дилема дали да го посетите или не.



Порто, Португалија
Иако Лисабон го привлекува најголемото внимание во Португалија, Порто е подеднакво шармантен град, и тоа не само поради надалеку познатото зелено вино што е тамошен специјалитет.
Шарени плочки, кафулиња покрај река, голем број музеи, но и локални специјалитети се идеални ако сакате да тргнете на градски туризам оваа есен.



