Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу туристи
Љубљана, Словенија
Љубљана е еден од помалите европски главни градови, но има огромен шарм и што е најважно - не е преполн со туристи.
Улички со калдрми, необични мостови и кафе култура која може да му парира дури и на Париз.
Поради сето ова, туристите кои одат првпат во Љубљана, велат дека е вистински скриен скапоцен камен во Европа.



Талин, Естонија
Стариот град, куполите во готски стил и уличките со калдрма одлично се вклопуваат со модерните кафулиња и технолошките иновации.
Во прилог на Талин му оди и тоа што е меѓу градовите со најчист воздух во Европската Унија.



Берген, Норвешка
Со неколкуте фјордови, импозантната природа и шарените куќички, Берген во Норвешка е одлична локација за фотографирање.
Секој агол изгледа како разгледница, а прошетката по градските улички е вистинско доживување.
Факт е дека како и повеќето градови во Норвешка, и Берген е скап, но вреди да се посети, особено пред крај на есента, па можеби ќе имате среќа да ја видите и поларната светлина.



А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos.com
