„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобус од Скопје дотаму“
Ја посетивме и Болоња, која не важи за „убавица“ меѓу туристите, но мене ми беше препријатна за престој, како и првиот пат кога бев 5 дена таму.


Повторно ја имаше највкусната храна, улични музичари буквално на секој агол и атмосфера која само те тера да „мекнееш“ на сонцето и да си велиш животот е убав.


Дел од турата беше и цел еден ден во Фиренца, каде и овој пат гужвите ми ја намалија магијата, но сепак најдов место по мој терк.

Парк и видиковец над градот, каде пиев аперол од уличен продавач и на скали со часови уживав во глетката и звуците на познатите светски хитови од еден уличен музичар.


По некоја расцветана роза, историја до каде што ти допираат очите и луѓе легнати среде трева во парк како цртаат и креираат уметност, вљубени парови, восхитени туристи, па што повеќе би посакале?

Април ретко си бил посовршен!
Април во Италија е совршен избор! Иако, мора да признаам и јануари во Италија ми беше исто неверојатно искуство, па заклучокот е дека секое катче на Италија е совршен избор во секој месец од годината.

Ќе завршам со добропознатото: „Италија не е само земја, таа е чувство“.





Повеќе фотографии oд Италија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
