8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај?
Парк шума Гази Баба
Со полјани кои се протегаат на огромна површина, неколку дрвени куќарки за да се собере големо друштво или реквизити за забава на најмладите - парк шумата Гази Баба е омилено место за излет и прошетка на отворено на сите што живеат близу него.
Идеално е и за целодневен пикник, без оглед од кој дел на градот доаѓате.




Градски парк
Лоциран во срцето на Скопје, Градски парк е место за секојдневно опуштање, но и за првомајски излет. Освен што нема да можете да направите скара, на пример.
Но, затоа, со музика, сендвичи (дури може и да ви достават храна додека сте таму, испробано), кафе и студени пијалаци, седнати покрај некое од езерцата или на ливадите - ќе си поминете одлично.




Марков манастир
На неколку километри надвор од Скопје, во правец на Козјак, се наоѓа Марков манастир.
Иако можете да седнете во дворот на манастирот, првомајскиот пикник е поубав ако најдете место покрај Маркова река и уживате во секој момент поминат во природата.




Катланово
Уште едно место надвор од Скопје е секогаш добар избор за излет за Први мај - селото Катланово.
Во и околу него ќе најдете убави места каде што може да седнете и да се опуштите со добра храна и звуците на природата.



Фото: Цоци Лазаревски
А. Ј. | Црнобело