„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Скопје до Меминген“

И јаготката на шлагот беше посетата на замокот кој секогаш е на првото место на најубави замоци во Европа, замокот Neuschwanstein Castle на 2 часа со автобус од Минхен. Тој се смета за инспирација за замоците на Дизни.

Влезот беше строго регулиран, со однапред купени билети, со точен тајминг за влез и точно ограничена тура.

И кралот Лудвиг внатре си ги изреализирал и најлудите замисли, од соба како најраскошна црква до вештачка пештера, но магијата е природата и глетката кон замокот однадвор.

Може да се качите и со кочија, но низ ваква убавина вреди да пешачите половина час до замокот.

А во подножјето? И најубаво езеро со милион нијанси на зелено и сино и недогледни полиња со крави по пат и друг замок и неверојатни пејзажи и поглед на Алпите.


Токму такво чувство како да треба да се потштипнете за да им поверувате на очите.


Баварија како и да ми ја надмина Тоскана, едноставно магија!
