Празничен викенд предлог: Галичник

Ако сè уште размислувате каде за првомајските и велигденски празници, ви го претставуваме Галичник како совршена македонска дестинација во која без сомневање ќе уживање деноноќно.

praznicen-vikend-predlog-galicnik-01

Ова е место ве пленува и во зима, и во лето, поради чудесната хармонија меѓу Мавровско езеро и околните планини.

На патот кон селото, се наоѓа ергела која ја води храбро, способно момче кое решило да го замени врелиот скопски асфалт со недопрената природа на Галичник. По татко Галичанец, тој започнал да го крои локалниот туризам со една несекојдневна понуда – да се помине Бистра на коњ!

Ако сте расположени за прошетки, одминете го малиот извор на ледена вода што извира под селото Галичник и на неколку километри поминати по шумски врвици, ќе наидете на црквичката света Петка.

Прекрасниот ден нека ве води низ планината Бистра со нејзините пространи пасишта. Откријте го понорот Тони Вода, карсно поле, каде водата на лето пресушува. Во негова близина се наоѓаат традиционалните бачила со најквалитетно сирење и кашкавал и студена планинска вода. На патот кон бачилата сигурно ќе запознаете некој овчар кој ќе ве понуди и нагости со домашно лепче, кисело млеко и домашно сиренце.

Бидејќи сите убавини на Галичник нема да можете да ги разгледате за само два дена, желбата за повторно враќање не ја потиснувајте. Кога и да имате шанса уживајте во недопрените убавини на ова селце кое денес има само неколку постојани жители, кои со задоволство ќе ви ја раскажат галичката историја и традиција.

praznicen-vikend-predlog-galicnik-1

praznicen-vikend-predlog-galicnik-2

praznicen-vikend-predlog-galicnik-3

praznicen-vikend-predlog-galicnik-4

praznicen-vikend-predlog-galicnik-5

Црпете повеќе идеи за магични прошетки низ нашата прекрасна Македонија од фицијалниот сајт www.istrazijamakedonija.com.mk

Би можело да ве интересира:

Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво... Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg