Правила за пристојно однесување на плажа

Сигурно барем еднаш во животот сте налетале на некоја ноќна мора на плажа, луѓе без осет кои ја тероризирале целата околина со своето однесување.

pravila-za-pristojno-odnesuvanje-na-plaza

За да се осигурате дека никој не би го помислил ова за вас, еве неколку непишани правила за бонтон на плажа.

За почеток, ако сте на плажа со деца, одберете некој мал и помирен дел каде што тие ќе можат да си играат на мира, и при тоа да не погодат некој од околината со топка или да му одат на нерви со своето гласно зборење и викање.

Ако сте пушач, потрудете се да не оставате куп отпушоци зад себе. На крајот на денот соберете ги заедно со останатото ѓубре и фрлете ги во најблиската канта.

Трчањето по песочна плажа е забавно, дури и добро за стапалата, но не претставува уживање за сите оние чии пешкири ќе ги направите лом со песок, или ќе им залетне прашина во очи, пијачката, телефонот...

Вашите соседи не мораат да го делат вашиот вкус за музика, затоа, понесете си слушалки и уживајте во одморот.

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg