Лезбос – Смарагдниот рај на земјата

Лезбос е трет остров по големина во Грчкиот регион и е богат со борова шума, па токму затоа и го носи епитетот на смарагден остров.

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-01

Островот е идеален за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини, навечер да вкусуваат локални специјалитети во таверните низ шеталиштето, како и да посетуваат дискотеки и ноќни клубови кои нудат извонредна журка.

Оддалечен е само 15 километри од границата со Турција, а влијанието на оваа земја може да се забележи на секој чекор.

Островот е преполн со Холанѓани, Германци и Англичани кои се сместени во најлуксузните хотели, но сепак во Лезбос се нудат и голем број на вили со пристапни цени за сите генерации.

Што мора да пробате?

На островот Лезбос настанал надалеку познатиот грчки пијалак узото. Дестилеријата Барбајанис се наоѓа во градот Пломари, на југоисточниот дел од овој остров. Заедно со чашката добро оладено узо одлично оди мезето, таму наречено “meses” кое се состои од сирење, маслинки и посолени сардини.

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-12

Што мора да видите?

Пред околу 20 милиони години овој остров бил жртва на ерупција од вулкан, а шумата била покриена со лава. По ископувањата, пронајдени се голем број на скаменети стебла, а во местото Сигири се наоѓа музеј во кој се изложени сите фосилни остатоци од дрвата и животните.

Што мора да посетите?

Изворите на врела вода на Лезбос се познати уште од античкото време. Се препорачуваат на оние кои патат од хронична реума, кожни болести и ишијас. Денес на овој остров постојат голем број на извори чија вода се загрева благодарение на активноста на вулканите – Ефталоу, Лутрополи, Гера...

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-02

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-03

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-04

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-05

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-06

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-07

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-08

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-09

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-10

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-11

lezbos-smaragdniot-raj-na-zemjata-13

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg