Патувајте низ Европа со воз и уживајте во искуството!

Одлично е кога знаете дека низ цела Европа можете да патувате со воз, а притоа да уживате во погледот и минималните трошоци. Ако некогаш решите дека сакате да ја посетите вашата омилена дестинација и тоа со воз, овој текст уште еднаш ќе ви ја потврди одличната идеја!

patuvajte-niz-evropa-so-voz-i-uzivajte-vo-iskustvoto-01

Квалитетот на Европските железници

Квалитетот на железниците дефинитивно е разновиден, во зависност од земјата до која сакате да стигнете. На пример, германската железница е исклучително уредна и се верува дека тие го имаат најдобриот и најточен возен ред во светот.

Во потполно друга насока се движат старите комунистички земји, дури може да ви се причини дека тие го мразеле железничкиот транспорт. Со текот на годините квалитетот на вагоните е сериозно оштетен и намален и брзината на возот може да биде пониска од 50, зависно од местото.

Чешка, Словачка и Унгарија имаат наследено густа железничка мрежа и напорно се трудат да ја зачуваат.

Европските брзи железници

Квалитетот на брзите железници во Европа е исто така солиден, но Франција се истакнува посебно. Таа е симбол за најдолга железничка мрежа, која изнесува 2665 километри, додека втора на листата е Шпанија.

За брзи железници се сметаат оние возови кои може да постигнат над 200 километри на час.

Интересно е што историјата на ваквиот тип на железници започнала на 27 септември во 1981 година, благодарение на отворањето на линијата Парис-Лион.

Во Европа можете да најдете брзи железници во Велика Британија, Франција, Португалија, Шпанија, Италија, Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Шведска, Германија, Чешка и уште неколку добро подготвени земји.

patuvajte-niz-evropa-so-voz-i-uzivajte-vo-iskustvoto-02

Дали ноќното патување е добра идеја?

Ноќното патување со воз всушност е одлична идеја! Тоа е совршено и неповторливо искуство кое ќе го раскажувате со месеци. Ако имате долг пат пред вас, ова се главните причини зошто да одберете ноќно патување:

1.Можете да ја преспиете ноќта, додека уживате во удобноста на седиштата, затоа што верувајте дека се поудобни од автобуските. На вашата посакувана дестинација ќе пристигнете одморени, а патот ќе ви се чини пократок отколку што навистина е.

2.Вечерниот воз е секогаш добра идеја со која можете да заштедите. Наместо да пристигнете на својата посакувана дестинација попладне и да платите една вечер плус, подобра идеја е да ја преспиете вечерта во возот и да пристигнете рано наутро. Парите заштедени од едно ноќевање ќе ги дадете за вкусен појадок, кафе или сок, интересни сувенири или прошетка до најблиските знаменитости.

Колку чини патувањето со воз низ Европа?

Патувањето со воз низ Европа е навистина евтино, посебно ако имате под 26 години. Во тој случај имате попусти и намалување на картите, исто како и постарите лица од 60 години.

Ако посетувате една единствена дестинација, најдобро е да одберете карта во тој правец без попатни застанувања или разгледувања. Сепак, ако сакате да разгледате повеќе места размислете да инвестирате во Eurail pass. Тие се карти кои важат за посета на различни дестинации во Европа.

Во зависност од земјите до кои патувате, цените варираат од 200 евра, па сè до 1500 евра за нешто повеќе од 2 месеци.

Ако повеќе сте за разгледување и уживање во околните пејзажи, најдобра идеја е да одберете карта за повеќе правци и да направите една мини турнеја во која ќе имате обезбедено преноќување во самиот воз, а ќе се разбудите со прекрасна глетка низ прозорецот.

patuvajte-niz-evropa-so-voz-i-uzivajte-vo-iskustvoto-03

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg