Кога ќе ве обземе чоколадна магија...најслаткото патување!

Има ли поголемо слатко задоволство од чоколадото? Нема некој што не би посакал да влезе во вистински чоколаден свет каде ќе може да ги доживее најслатките вкусови и мириси.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-01

Ви ги претставуваме најдобрите и најубавите продавници за чоколадо. Ако се најдете во некој од овие светски градови, немојте да пропуштите да ги посетите.

Ќе ве воодушеват со својот изглед, но и со големиот избор вкусни слатки. Само што ќе бидете во нивна близина нема да можете да им одолеете.

Patrick Roger – Париз

Patrick Roger има репутација како Роден (François-Auguste-René Rodin) и никогаш не се знае каква скулптура од чоколадо ќе изложат и презентираат во својата продавница на улицата La Madeleine.

Роџер, еднаш се обидел да направи слон во природна големина, цел од чоколадо. Тој ја обработува чоколадата како суровина која ја претвора во џиновска креација или во спакувани колачи во кутија долга еден метар.

Во соработка со модниот дизајнер Карл Лагерфелд направил цел хотелски апартман од чоколадо.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-1


100 percent chocolate –
Токио

Ја знаете онаа приказна во која сè е направено од чоколадо и слатки? Е па, токму ова кафуле е вистинска верзија на куќичката на Ивица и Марица.

Голема отворена кујна е во центарот на вниманието, а во нејзина близина се наоѓаат големи мермерни маси со столчиња во костенова боја, кои ја пополнуваат просторијата и неверојатен плафон кој потсетува на огромна табла чоколада.

Калеидоскопски распоред на чоколади во силни бои стојат гордо на полиците. Може да уживате во нив и во целиот амбиент на кафулето или може да ги купите за носење.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-2


Maison Cailler
– Брок, Швајцарија

Од 1819 година Maison Cailler ја произведува легендарната чоколада во планините на Швајцарија.

Неговата фабрика е мал објект од дрво преполовен со стаклен ѕид кој смело го открива модернистичкиот ентериер.

Колибата која ја креирал францускиот дизајнер Mathieu Lehanneur и архитектката Ana Moussinet, служи како центар за прием каде гостите ја откриваат својата „чоколадна личност“ преку дегустација на различни колачи со млеко, ореви, карамела, овошје, цвеќе, ванила и какао.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-3


Royce
– Њујорк

Неодамна отворениот салон на јапонскиот синџир продавници за чоколадо „Royce“ во Њујорк е елегантен и минималистички.

Бела просторија украсена со излог со шарена понуда на чоколади од различни компании.

Застапен е висок квалитет на производите и строги стандарди за хигиена.

Нивната политика е постојано да ги задоволуваат вкусовите на купувачите и да произведуваат слатки по бескомпромисни стандарди.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-4


Oriol Balaguer
– Мадрид

Чувствителност, перцепција, луксуз и креативна софистицираност. Oriol Balaguer претставува симбиоза помеѓу подготвувањето и готвењето.

Аромите и текстурите кои визуелно го одземаат здивот го комбинираат неговото знаење и искуство.

Oriol има задача да создаде совршена чоколада која овозможува во менито да биде ексклузивност, а инспирацијата ја пронаоѓа во архитектурата.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-5


Les Marquis de Ladurée
– Париз

Раскошниот ентериер во оваа продавница за слатки може да се мери со обиколувањето на продавниците за накит.

Модерен дизајн комбиниран со графичкиот сензибилитет на 21. век.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-6


Mast brothers
– Бруклин

Рачно изработената чоколада е нивното животно дело.

Дизајнирана и направена од браќата Рик и Мајкл Маст, прикажува дека она што е старо има ново чувство, што најдобро се покажува со шармантниот дезен на пакувањето.

Чоколадата според потеклото е од цел свет, но и од нивната куќа, па вешто ја комбинираат.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-7


Melt –
Лондон

Оваа продавница за чоколади, која ја создал лондонскиот дизајнер Мајкл Бојд е светла, освежувачка и едноставна.

Отворената и изложена кујна им дозволува на посетителите да го набљудуваат процесот на работата и да изберат некои од свежите слатки, за разлика од повеќето продавници каде ви одбираат слатки од веќе изложените.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-8


Jacques Genin
– Париз

Кога ќе зачекорите во оваа беспрекорна продавница во парискиот кварт Ле Мараис, никогаш нема да претпоставите дека сте влегле во дом на човек познат како бунтовник.

Аеродинамичниот дизајн за шик простор сместен во 17. век, јасно го држи фокусот точно онаму каде што треба да биде – на чоколадото.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-9


Mary Brusseles
– Брисел

Ако внатрешноста на оваа продавница ви изгледа погодна како за крал, всушност тоа и е.

Славниот продавач на чоколадо бил еден од најценетите во Белгија, но целиот позлатен сјај на ѕидовите не може да ги засени рачно изработените пралини.

zemete-si-edno-cokolado-i-trgnete-na-cokoladno-patuvanje-niz-najubavite-prodavnici-10

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg