10 најубави плажи за 2014 година

Според TripAdvisor’s Travelers Choice направена е листа на најдобрите плажи во светот. Сите се рангирани според највисоки критериуми и услови од климата, песокот, водата, туристите, услугите.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-01

Во овој избор учествувале 322 плажи и листи на највисоко рангирани плажи за Африка, Азија, Карибите, Европа, Јужна Америка, Јужен Пацифик и САД.

Првите 10 најдобри плажи според TripAdvisor’s:

1. Baia do Sancho, Бразил

Оваа плажа е на првото место од листата со скок од четири позиции во однос на минатата година. Лоцирана е на вулкански архипелаг и ги има најдобрите оценки според критериумите.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-1


2. Grace Bay,
Провиденсијалс, Туркс и Кајкос

Се наоѓа во југоисточниот дел на Бахамските Острови во Средна Америка како дел од помалиот остров Провиденсијалс, опкружена со корални гребени.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-2


3. Flamenco Beach
, Кулебра, Порторико

Плажа која е позната по добрите услови за пливање, нуркање и спортски риболов. Таа е најубавата плажа Порторико.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-3


4. Rabbit Beach, Lampedusa,
Италија

Плажата се наоѓа на италијанскиот остров Лампедуза  во средниот дел на Средоземното Море, помеѓу Малта и Тунис. Погодна е за пливање и спортски риболов.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-4


5. Whitehaven Beach,
Австралија

Позната е како плажа со најбел песок, на високо еколошко ниво и една од најатрактивните плажи во Австралија.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-5


6. Playa de ses Illetes, Formentera,
Шпанија

Долга песочна плажа погодна за пливање, опуштање и уживање. Островот на кој се наоѓа е опкружен со розов корал и златен песок.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-6


7. Anse Lazio, Praslin Island,
Сејшели

Плажа која изобилува со мек, бел песок, кристално чиста вода о широк хоризонт кој привлекува илјадници туристи секоја година.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-7


8. Lanikai Beach, Kailua, Oahu,
Хаваи

Плажа од висока класа која во текот на неделата е речиси празна и се користи само од страна на познати фотографи и модели за снимање и фотографирање на фотосесии, а за време на викендите е полна со туристи.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-8


9. Rhossili Bay,
Свонси, Велс

Иако нема најтопла клима, сепак пејзажите кои ги нуди за бегство од реалноста  и вистински одмор се она што ја прават оваа плажа посебна.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-9


10. Playa Norte, Isla Mujeres,
Мексико

Модерна плажа со бел песок и исполнета со многу барови и ресторани, кои нудат одлична забава и релаксација за оние кои тука го минуваат слободното време.

10-najdobri-plazi-vo-svetot-10

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg