Македонија гледана низ очите на еден странец

„Некаде помеѓу сонот и случајноста, решивме да ја откриеме Македонија. Сакавме да биде авантура, па затоа земавме само два билети за автобус, два куфери, се фативме за рака... и една малечка книга за како да зборуваме македонски.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-01

Патувањето помина одлично и ни се допадна погледот низ прозорецот кој постојано се менуваше. По 30 часа спиење, читање и разговори со различни луѓе од различни земји, пристигнавме во Белград. Сакавме да стигнеме до Македонија колку што можемепобргу, па започнавме да се распрашуваме како да го изведеме тоа. Само 1 час подоцна се качивме во автобус кој одеше до Скопје и имавме уште 6 и пол часа пат.

Беше октомври и ноќта брзо дојде. Бевме гладни и изморени... Што ќе јадеме вечер? Каде ќе преноќиме? Ништо не можев да видам низ прозорецот од темнината и постојано се прашував како изгледа Македонија преку ден... Тогаш автобусот застана. Конечна дестинација. 10 часот навечер и добредојде на скопската автобуска станица.

Одевме... Една мала пекара беше отворена. Нарачавме нешто вкусно и прашавме за мала помош. Побаравме место каде би можеле да преноќиме. Нема проблем!

Неколку минути подоцна пристигна нашето такси. За само неколку евра нè однесе до пристојно и не прескапо место. Ни се чинеше како прекрасна авантура!

Такси возачот беше пресреќен со неговите патници од Франција што започна да пее и да вози побрзо од вообичаено. Ни изгледаше (во најмала рака) поднапиено.

Конечно бевме пресреќни што пристигнавме во хотелот. Ја прифативме собата од едноставна причина што очајно сакавме да преспиеме на мек кревет. Беше недела и имаше гласна забава до нас. Заспавме со звукот од Donna Summer.

Сонцето изгрева рано над Скопје. Додека лежевме во кревет не можевме да се одлучиме дали сонуваме или навистина сме тука. Одлично беше чувството да го откриваш главниот град на Македонија. Градот ни посака енергично добредојде. 

Се заљубив во чаршијата каде што можете да купите сè, започнувајќи од антиквитети, па сè до локални овошја и зеленчуци. Јадевме македонска шопска салата на тераса. Јас пиев чаша македонско вино, тој шише македонско пиво. Животот е прекрасен!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-02

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-03

Наредното утро сакавме да го напуштиме градот и сите ни кажаа дека имало автобус на секој час. Се спакувавме и нетрпеливо чекавме на автобуската станица. Тргнавме на пат кон Охрид за да го видиме едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа.

Прекрасен поглед низ прозорецот! Планини, овчари, овци и кучиња...

Туристичката агенција во Охрид беше затворена. Нема проблем! Една девојка нè праша дали ни треба соба... Ја следевме и преноќивме во нејзината куќа 4 вечери. Нè пречека топло и пријатно.

Охрид е одличен. Езерото е прекрасно, луѓето се пријатни и храната е вкусна!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-04

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-05

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-06

По посетата на главниот град и познатото езеро, дојде време за посета на селата низ Македонија. Луѓето кои ги прашавме, рекоа дека нема автобус за таму каде што сакаме да одиме.. Интересно... И навистина се заглавивме - во Ресен! Малечко гратче во близина на Преспанското Езеро, каде што всушност сакавме да одиме.

Побаравме такси возач кој ќе нè однесе до блискиот хотел. Воедно, единствениот кој работи во овој дел од годината.

Такси возачот беше симпатичен и пријатен, но изгледа нè сметаше за богати туристи. Ни даде број од хотелот, па од таа страна една млада девојка ни понуди соба. Но, не ни одговараше.

Такси возачот сега нè однесе до најблиското село и ги распраша локалните станари за слободна соба за преноќевање. Еден човек кој работеше на покривот на неговата куќа го зема телефонот и ни пронајде сместување кај негов пријател.

Се сместивме во апартман со поглед кон езерото. Имавме исполнето време покрај Преспанското Езеро. Беше тивко и прекрасно. Ни го покажаа и најблискиот локален супермаркет. Луѓето беа повеќе од гостопримливи.

Но, тогаш дојде време да си одиме. Го фативме првиот автобус, рано изутрина и назад кон Ресен.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-07

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-08

Од село во град. Од Ресен во Битола! Тоа беше љубов на прв поглед! Прекрасно место, уште попрекрасни луѓе! Пронајдовме одличен апартман во самиот центар и ужувавме во убавините на градот и чаршијата.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-09

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-10

Од град, кон друго езеро. Дојран, нашата крајна дестинација пред да се вратиме дома. Автобусот нè донесе до најблискиот хотел, но ние упорно одевме за да пронајдеме приватно сместување... Одлично искуство!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-11

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-12

Беше ноември и сè уште имаше 26 степени. Сонцето грее секој ден и на македонското знаме не му треба никакво објаснување!

Македонците се како сонцето! Јас сум заљубена во нив!“ - раскажува Myrthe на нејзиниот блог Fiddleflower.

Текст и фото: fiddleflower.wordpress.com

Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините н... „Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби ...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg