Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Отпатувајте на некој од најубавите 10 острови во светот

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-01

Секој остров има своја убавина, нуди различно искуство и доживување на посебен начин поради своите природни убавини или поради историјата која ги обележала.

1. Капри, Италија

Се наоѓа на јужната страна од заливот на крајот на Соренто. Уште од римско време бил познат по своите убавини, бидејќи на релативно мал простор нуди незамислива убавина.

Островот има 10 квадратни километри и 12.000 жители. Од втората половина на 19. век Капри станал популарно собиралиште на европските уметници, писатели и други славни личности.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-1


2. Арaн Острови, Ирска

Островскиот дел Арaн се состои од островите Иншмор, Иншман и Иншир.

Се наоѓа во заливот Галвеј во Атлантскиот Океан, а познати се по преубавите природни формации на клифови кои се сместени на јужниот брег на островот.

Таму се наоѓаат и остатоци од железната и бронзената доба.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-2


3. Хуахине, Француска Полинезија

Хуахине со своите 6.000 жители, после Тахити е најголем остров во Заветринските острови.

Карактеристичните бунгалови се главно место за сместување на островот, а тамошните полјоделци одгледуваат ванила, банани и лубеници, па токму таа комбинација на рурални и домашни производи со сместувањето се заслужни за големиот број туристи кои доаѓаат на овој остров во потрага по уживање.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-3


4. Сејшели

Сејшелите се состојат од 115 острови во Индискиот Океан од кои 33 се населени. Не се ниту од корално, ниту од вулканско потекло, туку од гранит.

Главниот град Викторија се наоѓа на островот Махе на кој живее 80% од населението. На истиот остров се наоѓа и највисокиот врв Морне Сејшелоис, висок 905 метри.

Според многу предвидувања Сејшелите ќе бидат најдобрата туристичка дестинација во светот.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-4


5. Мауи, Хаваи

За Хаваите многу често се зборува и пишува како едно од најегзотичните места.

Иако веќе се премногу комерцијализирани и посетени од многу славни личности, на нивната убавина ѝ нема крај, па секако се дел од оние острови кои мора да ги посетите.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-5


6. Санторини, Грција

Островот Санторини, познат е и како Тира е еден од најубавите грчки острови, а сместен е во јужниот дел на Егејското Море, 200 км југоисточно од грчкото копно и припаѓа на групата Циклада. Својот изглед го должи на ерупциите на вулканите.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-6


7. Кауаи, Хаваи

Познат е уште како „Градинарски остров“, а познат е и по користењето на хавајскиот дијалект кој денес се зборува на блискиот остров Нихау.

Островот може да се пофали со врв висок 1600 метри.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-7


8. Бора Бора, Француска Полинезија

Се наоѓа на 260 км од главниот град Папетеа. Опкружен е со лагуна и корален гребен.

Во средината на островот се наоѓаат остатоци од некогашниот вулкан во облик на два врва Пахиа и Отеман кои достигнуваат висина до 727 метри.

Интересно е тоа што исхраната е ограничена на морска и пилешка храна, бидејќи само тоа има.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-8


9. Островите Лос Рокес

Се наоѓаат на 130 км од Каракаса, а дел се и од Националниот парк кој е составен од неколку мали острови и заливи кои се познати по кристално чистото море и долгите песочни плажи.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-9


10. Липари, Италија

Група острови од вулканско потекло во Тиренското Море, североисточно од Сицилија.

Денешниот изглед е производ на вулканската активност, а и денес се речиси без вегетација, па изгледаат како штотуку да никнале.

Липарските острови се дел од листата за заштита на УНЕСКО од 2000-та година.

otpatuvajte-na-nekoj-od-najubavite-10-ostrovi-vo-svetot-10

Која дестинација ви звучи најпривлечно?

Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg